Истражување

Анкета: Политиките на СДСМ во предност пред политиките на ВМРО-ДПМНЕ

Опцијата и политиките што ги застапува и реализира СДСМ имаат најголема поддршка меѓу граѓаните, покажува истражувањето на Тим институт кое беше спроведено преку теренска анкета од 10 до 20 јули, на примерок од 1.024 испитаници. Добро е за државата, за економијата и граѓаните, мандатот да биде завршен до крај, велат од СДСМ,партијата нарачател на ова истражување.

Истражувањето за ставовите и перцепцијата на граѓаните за социополитичката состојба во Македонија покажа дека за коалицијата предводена од СДСМ би гласале 24,4 од испитаниците, за коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ би гласале 21,1 од испитаниците, за  ДУИ - 5,1 %, Алијансата за Албанците - 1,8 %...

Во однос на главните приоритети, истражувањето покажа дека на граѓаните важни им се економијата, правдата, корупцијата и здравството. За 25 отсто од испитаниците проблем број еден е економијата и вработеноста, криминалот и корупцијата (20,3%), владеење на правото, судството и правдата (15,3 %)...

„Токму затоа како одговорна партија, работиме и зборуваме за економија, затоа се бориме за правда и борба против криминалот. Високата поддршка на граѓаните за влез во ЕУ и НАТО го потврдува нашиот стратешки приоритет за интеграција во најмоќните светски сојузи. Граѓаните ја препознаваат нашата борба и посветеност за право и правна држава со функционални институции кои вистински се борат против криминалот и корупцијата.

Кога и да има изброи, СДСМ би победила, но добро е за државата, за економијата и граѓаните, мандатот да биде завршен до крај. Како одговорна партија, остануваме со граѓаните, продолжуваме со спроведување на мерките и политиките што обезбедуваат економски раст, реформи во институциите, градење неселективен правен систем и целосна интеграција на државата во ЕУ и НАТО“, се вели во соопштението на СДСМ.

 

ЕУ, свесна за демократскиот дефицит на земјите од Западниот Балкан (но и останатите, претежно економски проблеми), како да тежнее кон формирање блиски, но и специфични односи со овој регион, без полноправно членство.

повеќе

Нарушени се човековите права и слободи, нема владеење на правото и правосудството, кои треба да бидат основа на процесот.

повеќе

Поентата на глобализмот е максимално економско вмрежување во десетици економски сојузи на секоја држава.

повеќе