Анкета на ТВ Телма: Пендаровски во предност пред Сиљановска

Кандидатот за претседател на СДСМ Стево Пендаровски води со 3,7 процентни поени разлика пред кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Сиљановска Давкова, покажува новата анкета, што по нарачка на телевизијата Телма ја изработи Институтот за демократија Социетас цивилис во соработка со МЦМС.

Според анкетата Пендаровски добил поддршка од 27,2  процентни од испитаниците,  Сиљановска 23,5 отсто, а Блерим Река  11 отсто.

Резултатите покажуваат дека 17,7 отсто од испитаниците се уште не одлучиле за кого ќе го дадат својот глас, додека 16,4 нема да гласаат за ниту еден од тројцата кандидати.

Анкетата е спроведена телефонски во период од 7 до 11 април на репрезентативен промерок  од 967 испитаници.

Споредбените резултати на двете анкети на Телма, едната изработена пред кампањата и една изминатата недела покажува дека поддршката за Пендаровски расте во однос на Сиљановска и сега тој води со четири отсто во првиот круг.

Алчноста за максимизирање на површината на градење ја помина „црвената линија“. Градот полека ја сече гранката на која седи.

повеќе

Пристигна барањето од етничкиот албански фактор во политиката за тоа да има промена во химната, знамето и грбот на државата.

повеќе

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе