Анкета на Рејтинг: За Пендаровски би гласале 38,3 отсто, за Силјановска 33,2 доколку утре се одржи гласањето

Кандидатот за претседател, поддржан од СДСМ и коалицијата би добил најмногу гласови на претседателските избори – 38,3 отсто, доколку утре се одржи гласањето.

Ова го покажуваат резултатите од анкетата, која ја спроведе агенцијата Рејтинг во периодот од 8 до 14 април, врз репрезентативен примерок со кој беа опфатени 1.112 испитаници.

За кандидатката, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Гордана Силјановска Давкова се определиле 33,2 отсто, а за кандидатот, поддржан од албанската опозиција Блерим Река, 12,6 отсто, додека 15,9 проценти од испитаниците се уште не знаат за кого ќе гласаат.

Според резултатите од испитувањњето 42,9 отсто сметаат дека претседателските избори се мошне важни за иднината на земјата, 29,4 отсто сметаат дека се прилично важни, 14,9 отсто дека не се ниту важни, ниту неважни, 3,3 отсто дека се прилично неважни, 6,6 отсто дека не се воопшто важни, а 2,8 проценти не знаат или не дале одговор.

Редовно кампањата ја следат 20,7 отсто од испитаниците, често ја следат 25,2 отсто, понекогаш 25,4 отсто, ретко 19,3 отсто, никогаш девет отсто.

Најголем дел од испитаниците за кампањата се информираат од телевизиите – 58,8 отсто, 20,1 отсто од социјалните мрежи, 7,5 отсто од интернет порталите, агрегаторите, 1,3 отсто од радио, 0,2 отсто од печатот, 4,1 отсто од разговори со пријатели, а 8,1 отсто не ја следат.

На прашањето за кој од кандидатите за претседател би кажале дека води според два критериуми – најдобра кампања и најпозитивна кампања резултатите покажуваат дека 30,8 отсто сметаат дека Стево Пендаровски има најдобра кампања, а 31,8 отсто сметаат дека има најпозитивна кампања.

Дваесет и шест отсто сметаат дека Силјановска Давкова има најдобра кампања, а 27,4 осто дека има најпозитивна кампања, додека 10,1 отсто сметаат дека Блерим Река има најдобра кампања, а 10,4 отсто сметаат дека има најпозитивна кампања.

Демонизирањето на Исламот и неговото постојано поврзување со тероризмот е загрижувачка појава во светот, а и на Балканот.

повеќе

Последните искричења во меѓународниот поредок ја прават нејасна агендата за евроатлантски интеграции на регионот која претставува неопходен услов за долгорочна стабилност на Западен Балкан.

повеќе

Очигледно во градењето на македонското општество заборавивме да ја промовираме правдата како негова примарна цел.

повеќе