Анкета на ОБСЕ: 75 отсто од граѓаните на Македонија се чувствуваат безбедно

Седумдесет и пет отсто од граѓаните на Македоија се чувствуваат многу или главно безбедни, покажа анкетата на ОБСЕ што денеска беше презентирана во Скопје по повод одбележувањето на Денот на превенцијата, 9 декември.

Овој резултат покажува дека огромното мнозинство луѓе не се плашат за сопствената безбедност, што е од клучно значење за генералната добросостојба на општеството и граѓаните, стои во анализата што беше презентирана денеска.

Според оваа анализа, чувството на безбедност може значително да се подобри доколку се преземат координирани активности на повеќе институции заедно со полицијата, затоа што оние граѓани кои се изјасниле за небезбедни како дел од причините ги посочуваат слабата улична осветленост и бездомните кучиња, работи кои не се во надлежност на полицијата. Граѓаните се изјасниле и дека е потребно поголемо присуство на полицијата, а како еден од главните проблеми го посочуваат брзото и невнимателно возење.

На презентацијата присуствуваше и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски кој потенцираше дека ваквите анкети и анализи се од голема помош за постојано подобрување на полициското работење односно планирање на приоритетите за дејствување во наредниот период. Тој се осврна и на можностите и придобивките од користењето на локалните совети за превенција кои  овозможуваат мултиресорски  пристап во третирањето на безбедносните прашања и за зајакнување на концептот на полициско работење во заедницата.

„Во изминатиот период ги активираме локалните совети за превенција како силна алатка која ќе овоможи вмрежување на сите надлежни субјекти во процесот на рана идентификација на проблемите, но и во процесот на решавање на проблемите преку изнаоѓање на системски решенија. МВР во  последнава година ги насочува своите капацитетите за реално воспоставување на концептот на полициско работење во заедницата  преку зајакнување на позорната дејност на полицијата, перманентно присуство на полицијата на теренот и ефикасна комуникација со населението. Оваа заложба значи дека ние сакаме да работиме заедно со заедниците со цел навремено идентификување на проблемите и изнаоѓање решенија“, рече Спасовски.

Тој ги потенцира заложбите за јакнење на довербата на сите заедници во полицијата како еден од главните приоритети во стратешкиот план на МВР.

Што е потребно младите велешки занаетчии да не станат самоубиствени гемиџии, туку да ги тераат своите замисли напред.

повеќе

Брзата храна и газираните пијалоци се водечки причинители на прекумерна телесна тежина, која пак значително го намалува нашиот животен век и квалитет на живот.

повеќе

Процесот на проверка не треба да почне од правосудниот систем, туку од извршните претставници и членовите на парламентот, и тоа не само оние кои се на власт денес, туку и оние кои со години ја водеа земјата.

повеќе