Анкета на МЦМС и Телма: 18,6 проценти би гласале за СДСМ, 18,1 за ВМРО-ДПМНЕ и 6,7 проценти за ДУИ

Средната оценка на граѓаните за работата на Владата во првите 100 дена е 2,46, покажува анкетата на Македонскиот центар за меѓународна соработка – МЦМС и Телевизија Телма, спроведена од М-Проспект од 6 од 24 декември по телефонски пат.

На прашањето „Како ги оценувате 100 дена работа на Владата" со 1 ја оцениле 35,3 проценти, со 2 – 19,4 проценти, со 3 – 20,1 проценти, со 4 – 14,2 проценти и со 5 – 11 проценти од испитаниците.

Анкетата, исто така, покажува поддршка под 20 проценти и разлика од само 0,5 проценти меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.

Прашани „Доколку утре се одржат избори за која политичка партија би гласале" најмногу 18,6 проценти рекле дека би гласале за СДСМ, 18,1 процент за ВМРО-ДПМНЕ, 6,7 проценти за ДУИ, 1,4 проценти за ДПА, 4,6 процетни за Алијанса за Албанците, 0,5 проценти за Алтернатива, 2,4 проценти за БЕСА, 6,2 процетни за Левица и 0,2 проценти за Интегра.

Значителен број граѓани 23,8 процент рекле дека „ќе го поништата гласачкото ливче/нема да излезат да гласаат", а 17,5 проценти „одбиле да одговорат/не знам".

Анкетата покажува дека најголема доверба граѓаните имаат во Зоран Заев (39,7%), потоа е лидерот на Левица, Димитар Апасиев (29,7%), а веднаш потоа се е лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски (28,3%) и лидерот на ДУИ, Али Ахмети (15,5%).

На прашањето „Колку сте согласни со Анекс на Договорот за добрососедство со Бугарија, за гаранции на немање територијални претензии и за немешање во внатрешни работи, без навлегување во други вклучително и национални и идентитетски прашања?", најбројни се испитаниците кои рекле дека воопшто не се согласуваат (43,6%), а заедно со оние кои донекаде не се согласуваат чинат мнозинство од граѓаните или 61,9%. Целосно или донекаде со оваа идеја се согласуваат околу една третина од испитаниците (33,5%).

За МЦМС и Телма, анкетата е спроведена од М-проспект преку телефонска анкета во периодот од 16 до 24 декември 2020 година. Анкетата е направена на национално репрезентативен примерок од 1000 испитаници постари од 18 години. 

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе

Предвидувањата за тоа дека ќе дојде денот кога Бугарија ќе ги искористи пасошите кои Софија така лесно им ги даваше на македонските државјани почнуваат да се остваруваат.

повеќе

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе