Анкета на ИРИ: Зголемена економска загриженост и намалени надежи за пристап во ЕУ

Новата анкета за Македонија спроведена на национално ниво од страна на Центарот за анкетни истражувања на Меѓународниот републикански институт (ИРИ) открива пад на вербата дека земјата ќе обезбеди членство во Европската Унија (ЕУ) во блиска иднина, како и пораст на економските вознемирености. Овие наоди доаѓаат еден месец пред парламентарните избори во Северна Македонија и по неуспехот на ЕУ да се согласи да започне преговори за пристапување со земјата во 2019 година.

„Одложувањето на започнување на разговорите за пристапување во ЕУ ги обесхрабри надежите на македонската јавност за идно членство“, рече Пол Мекарти, регионален директор на ИРИ за Европа. „Граѓаните сега го насочуваат своето внимание кон внатре, наведувајќи ги економските прашања како најважни проблеми со кои се соочува Северна Македонија денес“.

Иако 80 проценти од граѓаните поддржуваат Македонија да стане членка на ЕУ, само 28 проценти веруваат дека нивната земја ќе влезе во ЕУ во текот на следните пет години - пад од седум проценти од последната анкета на ИРИ во јули 2018 година. Исто така, процентот на испитаници кои сметаат дека интеграцијата во ЕУ ќе трае подолго од десет години е зголемена за седум проценти. Испитаниците исто така ја наведоа „Интеграцијата во ЕУ“ како главно прашање за кое политичарите „зборуваат премногу“.

Поради изгледите за одложување на интеграцијата во ЕУ, јавноста го свртува вниманието кон економијата: 52 проценти од испитаниците сметаат дека прашањата поврзани со економијата (невработеност, економска состојба, сиромаштија, ниски пензии или неплаќање на пензиите) се најважните проблеми со кои се соочува Северна Македонија денес. Меѓутоа, граѓаните не сметаат дека политичарите ги делат нивните приоритети: 59 проценти од граѓаните се согласуваат дека политичарите треба да зборуваат повеќе за овие економски прашања.

Овие економски вознемирености може да придонесуваат за општо чувство на песимизам во врска со траекторијата на земјата. Седумдесет и седум проценти од испитаниците сметаат дека денешната генерација на млади луѓе немаат добра иднина во Северна Македонија, додека 50 проценти од испитаниците изјавиле дека член на семејство емигрирал во неoдамнешните години. „Неуспехот на последователните влади да ги решат овие прашања веројатно има придонесено за негативната економска перспектива на јавноста и зголемената емиграција“, додаде Мекарти.

На 12 април, Северна Македонија ќе одржи парламентарни избори, на кои околу три четвртини од граѓаните „многу“ или „донекаде“ веројатно ќе гласаат. Додека мнозинството од населението во Македонија смета дека ниту една политичка партија не е најдобро опремена да постигне раст на економијата, партиите СДСМ (18 проценти) и ВМРО-ДПМНЕ (17 проценти) го делат лидерското место меѓу оние кои именувале партија која претпочитаат дека ќе ја реструктуира економијата. Севкупно, наодите покажуваат дека СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се на исто ниво и пред сите други партии во пресрет на изборите следниот месец.

На прашањето за која партија би гласале доколку следната недела се одржат изборите, 17 проценти од гласачите го идентификуваа СДСМ, а 16 проценти ја избраа ВМРО-ДПМНЕ.

Истражувањето беше спроведено во име на Центарот за анкетни истражувања на ИРИ од страна на Брима, фирма за истражување на пазарот, од 30 јануари до 10 февруари 2020 година. Податоците беа собрани со користење на методот на стратифициран, повеќе степен случаен примерок, преку интервјуа лице в лице во домот на испитаникот. Примерокот се состои од 1.222 испитаници на возраст од 18 години и постари. Податоците беа пондерирани по возраст, пол, регион и етничка припадност. Маргината на грешка беше плус или минус 2,8 проценти во граници 95 проценти ниво на доверба. Стапката на одѕив беше 73 проценти. Оваа анкета беше спроведена со поддршка од Националниот фонд за демократија.

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе