ИСТРАЖУВАЊЕ

Aнкета на ИРИ: Паѓа поддршката за членство во ЕУ и НАТО

Анкетата која беше спроведена на национално ниво и која денес ја објавува Центарот за анкетни истражувања на Меѓународниот републикански институт (ИРИ) упатува на тоа дека политичката нестабилност во Македонија расте. Испитаниците во анкетата укажуваат на постојан пад на јавната доверба во условите за одржување на слободни и фер избори.

„Минатогодишните сознанија за следење на македонските граѓани нанесоа тежок удар на македонската демократија“, вели претседателот на ИРИ, Марк Грин. „Ова испитување на јавното мислење ја засилува критичката потреба лидерите на Македонија да се фокусираат на реформи што одново ќе ја изградат јавната доверба во демократските институции на земјата“.

Бројот на испитаници кои сметаат дека земјата е „мирна и стабилна“ имаше остар пад од 19 проценти во јануари 2016, на само пет проценти. Анкетата, исто така, откри скок од 20 проценти (од 47 на 67 проценти) на испитаниците кои сметаат дека Македонија е помалку стабилна денес отколку пред една година.

Комбинирани 93 проценти од испитаниците рекле дека внатрешната политичка ситуација во Македонија е напната и неизвесна (55 проценти), или ја нарекле критична и нестабилна (38 проценти). Повеќе од половина од испитаниците во анкетата (58 проценти) се убедени дека Македонија оди во погрешен правец, што претставува зголемување од 12 проценти од јануари оваа година.

Песимизмот околу политичката состојба се чини дека е предизвикан од однесувањето на владата во врска со скандалот со прислушувањето што беше разоткриен во 2015 година, а кој обелодени незаконско следење на илјадници македонски граѓани.

Шеесет и четири проценти од испитаниците изразиле неодобрување на одлуката на претседателот Ѓорге Иванов да ги помилува функционерите вмешани во овие превирања, а 63 проценти ја поддржуваат работата на Специјалното јавно обвинителство што ги истражува случаите што произлегоа од овој скандал.

Политичкиот контекст веројатно влијаел на јавната доверба во капацитетот за одржување на слободни и фер избори, при  што помалку од половина од испитаниците (48 проценти) сметаат дека се исполнети условите за одржување на слободни и фер избори. Ова  е континуиран пад од 63 проценти во октомври 2015 година и 59 проценти во јануари 2016 година. Четириесет и еден процент од испитаниците имаат доверба или донекаде имаат доверба во точноста на Избирачкиот список, додека повеќе од четвртина (28 проценти) не веруваат дека нивниот глас на денот на изборите ќе остане таен. Анкетата беше спроведена пред одложувањето на изборите првобитно  закажани за 5 јуни 2016 година.

Анкетата беше спроведена преку интервјуа лице-во-лице од 19 до 25 април 2016 година, на примерок по случаен избор од 1.104 македонски граѓани на возраст од 18 години и постари. Маргината на грешка не надминува плус/минус три проценти во граници на 95 проценти ниво на доверба, додека стапката на одѕив беше 75 проценти. 

Анкетата покажа дека опаѓа и поддршката на македонските граѓани за членството на Македонија во НАТО и ЕУ. Ако во април 2008 тој процент бил 92% заНАТО, во април 2016 е 73 отсто. Истовремено и процентот на граѓаните кои се против членството во НАТО пораснал од 5 отсто (април 2008) на 20 отсто во април 2016 година.

Истото се случува и со ЕУ: во април 2008 година поддршката за членство во ЕУ била 96 отсто, во април годинава е 71%. И ако во април 2008 против членството во ЕУ биле 3%, во април 2016 година тој процент е 23.

Оваа анкета беше спроведена од Брима, во име на ИРИ.

Законот за високо образование јасно и прецизно ја пропишува постапката за избор во наставно-научни и соработнички звања на високообразовните институции во нашата држава-Македонија.

повеќе

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе