Анкета на ИПСОС: Огромно мнозинство против францускиот предлог, единица за Ковачевски, ВМРО-ДПМНЕ со двојна предност пред СДСМ

58 отсто од испитаниците одговориле дека не го поддржуваат францускиот предлог за надминување на спорот помеѓу Македонија и Бугарија. За францускиот предлог се 26 отсто од испитаниците на теренската анкета на агенцијата ИПСОС изработена за потребите на ВМРО-ДПМНЕ на 1.014 испитаници во периодот од 1 до 18 јули.

На прашањето доколку на следните избори би се кандидирале само партии, а не коалиции, за  ВМРО-ДПМНЕ би гласале 19,7% од испитаниците, за СДСМ  9,5%, ДУИ 6,2%, Левица 5,9%, Алијанса за Албанците 2,8%... Не би гласале 12,2 отсто од испитаниците, без одлука се 22,5 отсто, а одбиле да одговорат 17%.

Граѓаните на Македонија и натаму сметаат дека најголеми проблеми за државата се економијата (економската состојба/финансиите)  20%, лошиот стандард 16%, францускиот предлог/Бугарија 8%, невработеноста 7%, политика, политичка криза, партизираното општество 4%, корупцијата и криминалот 4%, здравството 3%, проблеми со идентитетот на државата 2%, промената на името 2%, меѓуетнички односи 1%, влез во ЕУ, евроинтеграцијата 1%...

36 отсто од испитаниците дале оценка 1 за досегашното работење на Димитар Ковачевски како премиер на Република Македонија. Двојка дале 15 отсто од испитаниците, тројка -  20%, многу добар е премиерот сметаат 11% од испитаниците, а дека е одличен – 8%.

 

Здруженост, сплотеност и поврзаност на луѓе, друштва, организации и институции кон една заедничка цел или поради заедничка причина. 

повеќе

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе

Деновиве во Комората пристигна нацрт-концептот за даночни реформи, кој треба да претставува основа за јавна расправа во наредниот период.

повеќе