Истражување на МКД.мк

Анкета: Кецови добија СЈО, ЈО и судството, сѐ поголемо е незадоволството од власта

Последната анкета на Маркет вижн за потребите на МКД.мк, освен тоа што покажа дека и натаму огромен број од анкетираните граѓани не се политички определени и не сакаат да одговараат на прашањата, што се толкува како страв, тие се сѐ понезадоволни од економската состојба во државата, од работата на власта, од судството, од здравството...  За граѓаните приоритет за решавање на овие состојби е еконоимијата, вработувањата, странските инвестиции...

Со оценката дека Македонија се движи во погрешна насока се согласиле 62,3 отсто од анкетираните. Без одговор останале 12,1, а 25,7 отсто од нив сметаат дека земјава сепак оди во добра насока.

Во оценувањето на поедини државни институции и функционери, во оценувањето од 1 до 5, најлоша оценка доби Специјалното јавно обвинителство (1,5), Јавното обвинителство (1,71) и судството (1,77). Државните институции добија општа оценка од 2,24, а највисоки оценки добија претседателот на државата 2,55 и премиерот 2,43.

Како приоритетна задача за Владата граѓаните сметаат дека треба да биде економијата (вработувања, повисок стандард, странски инвестиции...) - 64,4 отсто од испитаниците.

На второ место, со 12,7 отсто, е правниот систем, владеење на правото, независното судство, справување со корупцијата...).   

Ако се следат трендовите од последните анкети, тогаш заклучокот е еден - незаводоволството расте. Ако анкетите од ноември 2018 и јули 2019 покажале дека 54,9 и 57,6 отсто од граѓаните сметаат дека Македонија оди во погрешна насока, тој процент цо септември е 62,3 отсто.

Тоа го покажуваат и дадените оценки за работата на одредени институции и државни функционери. Оценките за СЈО се движеа од 2,48, 2,31 и во септември 1,50. Оценката за премиерот е исто така падната - од 2,61 на 2,43.

 

Анкетата беше спроведено од 17 до 24 септември со употреба на КАТИ (CATI) метода - телефонско анкетирање со помош на компјутер, на примерок од 1.200 испитаници (статистичка грешка: 6% (+-3%) и интервал на доверба 95%.

Примерокот е репрезентативен на ниво на Македонија според регион, пол и возраст во однос на проценките за населениетот од Државниот завод за статистика од 2017 година. На барање на клиентот и поради споредливост на резултатите, албанската популација во примерокот е застапена со 20,7%.

А.Д.

Објавено

Петок, Септември 27, 2019 - 14:06

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе