Истражување на МКД.мк

Анкета: Повеќе граѓани се убедени дека во случајот „Рекет“ е замешана и власта

Повеќе од 66 отсто од анкетираните граѓани сметаат дека во аферата „Рекет“ замешани се и лица на повисоки позиции во власта, а само 7,2 отсто од 1.200 анкетирани одговорија дека во овој случај не се вклучени луѓе од власта. Анкетата на агенцијата Маркет вижн и на МКД.мк покажа дека повеќе од половината од анкетираните граѓани сметаат дека Јавното обвинителство недоволно добро ја води истрагата, а дури 81 отсто дека ЈО прикрива дела, лица, докази.

Повеќе од 81 отсто од граѓаните слушнале за случајот „Рекет“ (со „не“ одговориле 18,2%), а 57 отсто од нив редовно ги следат вестите поврзани со овој случај, 42,1 отсто одговориле дека не се заинтересирани.

Како се води истрагата за овој случај? 53,2 % сметаат дека тоа се прави „недоволно добро“, со „добро“ одговориле 22,6 %, а одлично одговориле 2,5%.

Зошто оценката за ЈО е дека недоволно добро се справува со овој случај? 12,8 отсто од анкетираните граѓани сметаат дека причината е во нестручноста на ЈО, а 81,6 отсто од анкетираните сметаат дека причината е во намерата за прикривање на дела, лица, докази...

Од подлабоката анализа на добиените резултати од анкетата на Маркет вижн и на МКД.мк може да се заклучи дека голем дел од неопределените и од оние кои се за некоја трета опција, дале негативни одговори на прашањата за давањето оценки за судството, за јавното обвинителство, за СЈО… Овој податок само го потврдува заклучокот дека незадоволството на граѓаните од актуелната власт е во пораст и дека власта мора да преземе многу посериозни мерки доколку сака на наредните избори да добие подобри резултати.

Анкетата беше спроведено од 17 до 24 септември со употреба на КАТИ (CATI) метода - телефонско анкетирање со помош на компјутер, на примерок од 1.200 испитаници (статистичка грешка: 6% (+-3%) и интервал на доверба 95%.

Примерокот е репрезентативен на ниво на Македонија според регион, пол и возраст во однос на проценките за населениетот од Државниот завод за статистика од 2017 година. На барање на клиентот и поради споредливост на резултатите, албанската популација во примерокот е застапена со 20,7%.

А.Д.

Објавено

Сабота, Септември 28, 2019 - 12:01

ЕУ, свесна за демократскиот дефицит на земјите од Западниот Балкан (но и останатите, претежно економски проблеми), како да тежнее кон формирање блиски, но и специфични односи со овој регион, без полноправно членство.

повеќе

Нарушени се човековите права и слободи, нема владеење на правото и правосудството, кои треба да бидат основа на процесот.

повеќе

Поентата на глобализмот е максимално економско вмрежување во десетици економски сојузи на секоја држава.

повеќе