Истражување на МКД.мк

Анкета: Ако утре се одржат избори, ВМРО-ДПМНЕ во водство за 8% пред СДСМ кај определените гласачи

На прашањето „ако утре се одржат парламентарните избори (за избор на влада) за која партија би гласале“, според определените анкетирани граѓани ВМРО-ДПМНЕ води пред СДСМ со 8 отсто. Анкетата на агенцијата Маркет вижн спроведена за потребите на МКД.мк покажа огромен процент на граѓани што одбиваат да одговорат на телефонска анкета, што експертите го толкуваат како страв.

Од анкетираните граѓани, пак, што се определиле за некоја од партиите, во меѓусебната пресметка за 27,72 отсто повеќе граѓани би гласале за ВМРО-ДПМНЕ отколку за СДСМ.

Оваа разлика меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ на целокупниот примерок од анкетираните граѓани (1.200) изнесува 2,4 % (анкетата во јули разликата беше 1,5%). Огромен е процентот на граѓани што на прашањето за која партија би гласале ако утре се одржат парламентарни избори одговориле со „не знам“ (31,1%), „нема да гласам/бојкотирам“ (22,5%) и „не сакам да откријам/кажам“ (19,4%).

Според некои пресметки, оваа разлика во определбата на гласачите, на ВМРО-ДПМНЕ би му донела разлика од 10 пратенички места во однос на СДСМ.

Од партиите на Албанците од Македонија води ДУИ со 2,6 %, Алијанса за Албанците со 1,8 отсто, Беса со 0,3 %... Истражувањето покажа дека 0,3 отсто од гласачите би гласале за партијата Левица, 0,3 отсто за Турската партија, 0,2% за ДПА, 0,2% за ВМРО-НП, за ГРОМ 0,1%, за Глас за Македонија 0,1%...

Ова истражување покажа и уште еден тренд на зголемена разочараност на граѓаните од Специјалното јавно обвинителство, од правосудството, од работата на власта...

Анкетата беше спроведено од 17 до 24 септември со употреба на КАТИ (CATI) метода - телефонско анкетирање со помош на компјутер, на примерок од 1.200 испитаници (статистичка грешка: 6% (+-3%) и интервал на доверба 95%.

Примерокот е репрезентативен на ниво на Македонија според регион, пол и возраст во однос на проценките за населениетот од Државниот завод за статистика од 2017 година. На барање на клиентот и поради споредливост на резултатите, албанската популација во примерокот е застапена со 20,7%.

А.Д.

(Продолжува)

Објавено

Четврток, Септември 26, 2019 - 18:45

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе