Пратенички прашања

Анѓушев: Мизо стана директор во „Костал“, единствената странска компанија на која ѝ е дозволено да не ги плаќа придонесите за вработените

Виктор Мизо, поранешниот директор на технолошко индустриските развојни зони денеска е директор во погонот во Струга на германската компанија „Костал“. А токму Мизо, како владин службеник беше тој кој за време на преговорите им дозволил на претставниците на германската компанија да потпише договор со право за неплаќање на придонесите за здравствено и пензиско осигурување за вработените. Ова денеска го изјави вицепремиерот Кочо Анѓушев одговарајќи на пратеничко прашање за странските инвестиции во Македонија.

Анѓушев зборуваше за неконзистентноста на субвенциите на македонската држава за странските инвеститори. Тој рече дека „Костал“ е единствената странска инвестиција која добила право да не ги плаќа придонесите завработените, како дел од државните олеснувања за странските инвеститори.

„Она што беше важно посебно за охридско-струшкиот регион е историјата, начинот, каков вид на производи, каков вид на компании порано работеле овде. Токму овде, во комплексот на поранешно ЕМО, компанија која беше бренд не само во Југославија, туку и во Северна Африка и на Блискиот Исток, дури и во Нигерија, видоа дека тука има луѓе кои можат и кои порано работеле електромеханички, дизајнерски активности, производствени активности, што значи дека со дообука, со преквалификација и вработување на дел од поранешните вработени во ЕМО, но и нови, млади луѓе од целиот“, изјави Мизо лани во октомври за време на отворањето на погонот на германската компанија.

„Ако ова не е отворен конфликт на интереси, јас не знам што е“, рече Анѓушев.

Меѓу најпосетените места во градот сѐ уште на прво место и меѓу главните мотиви поради кои доаѓаат туристите во Крушево е вечното почивалиште на Тоше Проески, спомен куќата изградена во чест на него, Манастирот Св. Преображение и многу други.

повеќе

„Москва се труди да протурка слика за себе како благонаклонет партнер и заштитник на сувереноста и на православното христијанство антитеза на Западот што 'цело време се меша таму кај што не му е местото'.

повеќе

Да можеме Благуна да ја прашаме за нашите јадови околу текстот од Нивици, би ја зачудиле.

повеќе