Анѓушев ќе се збогува со политиката, по изборите му се враќа на бизнисот

Вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев се повлекува од политиката, и после изборите, без оглед на нивниот исход, ќе им се врати на своите компании и на Машинскиот факултет каде што предаваше. 

Како што изјави Анѓушев за емисијата Топ тема на Телма, една од причините е што неговите најчесни намери да и помогне на државата не биле секогаш најдобро прифатени од граѓаните.

„Кога прифатив да бидам дел од Владата моите намери беа најчесни, со знаењето што го имав стекнато да и помогнам на државата. Но, за овој период приходите во моите компании опаднаа, а и профитите, некаде и до 50 отсто. Тоа не е само заради неучеството на тендерите, туку и заради моето отсуство. Ќе си го доработам мандатот, но бидејќи не сум член на ниедна партија, нема да продолжам со политиката во перспектива“, рече Анѓушев.

Говорејќи за економската политика на Владата, тој кажа дека платите и пензиите се зголемуваат, но мора да им се помогне на компаниите да ги задржат луѓето.

„Мора да им помогнеме на компаниите да ги задржат луѓето. Затоа во фокус на Предлог буџетот за 2020 година ќе бидат инвестициите во човечки капитал. Зголемувањето на платите и пензиите не е предизборен поткуп, туку се заснова на растот на економските бројки во последните две години. Со помало задолжување на државата, потенцира, имаме раст на економските бројки и остваруваме подобри резултати”, рече Анѓушев.

Како пример наведе дека во периодот од 1 јули 2013 до 1 јули 2015 година просечната плата пораснала за 821 денар, од 2015 до 2017 година за 842 денари, а од 2017 до 2019 година за 2.790 денари. Во истиот период од 2013 до 2015 се отворени нови 21.119 работни места, од 2015 до 2017 година 40.314, а од 2017 до 2019 година 54.391 нови работни места.

Тој демантираше дека најавеното покачување на платите кај лекарите и медицинските сестри е дел од изборната кампања.

„Доколку не се покачат платите на медицинските работници ќе останеме држава без доктори. За покачувањето се говореше уште во јуни минатата година, тоа не е нешто ново. Сега се создадоа услови да може да се реализира”, објаснуваше Анѓушев.

Во контекст на економијата рече дека образовниот систем не одговара на реланите потреби на економијата. Според него, загрижувачки е тоа што во државава 90% млади одат на факултет, а во истовреме немаме квалификувани работници, како заварувачи, шофери и слично.

На прашањето што со лиценците на факултети кои постојат во голем број во државата, Анѓушев одговори дека владеењето на правото ќе го доведеме во прашење ако им се одземат лиценците.

„Она што го направи оваа влада е дека не издаваме нови лиценци на нови факултети, туку како ќе им истекуваат лицентците така ќе престанат да постојат. Доколку ситуацијата беше поинаква 18.000 квалификувани работници би се вработиле денеска”, рече тој.

САД остануваат најмоќната држава во светот, но францускиот претседател Макрон прави сѐ да стане своевиден „пандан“ на претседателот на САД.

повеќе

Сега, кога нашата држава ја предводат анационални лидери, кога супериорната бугарска власт смрди од агресивен национализам, ќе биде тешко да се изгради цврсто пријателство.

повеќе

Иако Буџетот 2020 е популистички, сепак со цврстите ставови за отфрлање на субвенциите за возила и за промена на даночната политика на СДСМ, како и во идејата за понатамошно отворање на Министерството за финансии се наѕира дека Ангеловска знае што прави.

повеќе