Министерство за внатрешни работи

Aнгеловски: Мирен изборен процес, без сериозни нарушувања на јавниот ред

До сега Министерството за внатрешни работи нема регистрирано посериозни нарушувања на јавниот ред и мир во текот на гласањето, кое, генерално, се одвива мирно, без проблеми, соопшти на денешната прес конференција портпаролот на МВР Тони Ангеловски.

„По отворањето на гласачките места до 11 часот регистрираме два настани во Кичево и еден во Тетово. Полициски службеници од Полициската станица Кичево го лишиле од слобода Б.К.(64) од Кичево затоа што во 7.45 часот го искинал гласачкото ливче откако гласал на избирачко место бр.0745 во Кичево. По насоки на јавен обвинител на Б.К. ќе му биде поднесена кривична пријава“, изјави Ангеловски и објасни дека станува збор за кривично дело „уништување на изборен материјал“.

Портпаролот на МВР информира дека во 8.25 часот во Полициската станица Кичево, од избирачкиот одбор во селото Премка било пријавено дека на избирачко место бр.0796  А.У. од селото го фотографирал гласачкото ливче, заради што се преземаат мерки за расчистување на случајот.

„Во 9.15 часот во СВР Тетово, заменик претседателка на гласачко место бр.1972 во основно училиште 'Братство Миѓени' во Тетово пријавила дека С.Д. сакала да го оствари своето право на глас без приложување на соодветен документ за идентификација, односно се обидела да гласа прикажувајќи фотографија од нејзината патна исправа на мобилниот телефон, а откако ѝ било кажано дека тоа е противзаконски, започнала агресивно да се однесува кон неа. Се работи на расчистување на случајот", соопшти Ангеловски.

Регистрирани се и пријави за агитација во Кочани и Кратово, но за сега овие пријави не се докажани, нагласи портпаролот и упати апел до граѓаните и до учесниците во изборите и во останатиот дел од гласањето да се воздржат од инциденти, а доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните веднаш да ја известат полицијата во најблиската станица, или на бројот 192.

Земјите треба да бараат начини за градење мостови и унапредување на билатералните економски врски, а не да гледаат во минатото и да му наметнуваат на македонскиот народ поинаков идентитет или историски наратив.

повеќе

Tочната искористеност и капацитет на водните ресурси во државата e невозможно прецизно да се пресмета заради недостиг на континуирани хидролошки мерења и мониторинг на квалитетот на водите.

повеќе

Нам бизнисмените не ни требаат ниту уставни преамбули ниту некакви параграфи за да ги почитуваме Република Бугарија и нејзините граѓани. Ние некого почитуваме доколку прави профит, плаќа даноци и доколку е општествено одговорен.

повеќе