Ангелов: Споменикот на УЧК во Слупчане е невидлив за нас Македонците, не можеме да им кажуваме на ДУИ што да прават

Претседателот на политичката партија „Достоинство" и директор на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов за споменикот во Слупчане, односно за 20 метарската кула на УЧК, вели дека е тоа далеку од нас Македонците и не треба да претставува некако проблем. Ангелов додава дека „не можеме ние да и кажуваме на ДУИ што да прави".

„Во 20015/2016, во општина Чаир се изгради споменик на УЧК, односно двоглав орел, имаше и тогаш жестока реторика. Ни боде очи, а не е тргнат. Оној споменик во Липково е невидлив за нас Македонците. Тој споменик па нека е и 20 и 30 метри, тој е на место каде Македонците ретко се движат. Ние не можеме да и кажуваме на ДУИ што да прават. Имаме еден објект во Мавровка, имаме диви платформи на Матка. Кај нас законот не се почитува на неколку нивоа и тоа неколку децении наназад. Тоа е наша слабост", вели Стојанче Ангелов, за ТВ24.

Ангелов дополнува дека ние Македонците треба да научиме како да се носиме со некои, за нас непосакувани појави.

„Едно е што ние чувствуваме а реалноста е друго. Ние Македонците треба да научиме како да се носиме со некои, за нас непосакувани појави. Во 2001 година имавме војна, останата недефинирано за каква војна се работи. Ослободителната народна армија или УЧК, Македонската УЧК се крена да ги ослободи, според нивното коменике број 4, да ја ослободат Албанската земја од славо-македонскокиот окупатор. Со тоа дадоа до знаење дека се борат за територија, а изјавите на Џорџ Робертсон дека тие се убијци, одат во таа насока. Ако таа војна не беше прекината, ќе се развиеше во крвав конфликт во кој ќе имаше илјадници загинати. Албанците во 2002 година дадоа доверба и поддршка уа УЧК која во меѓувреме формира политичка партија, ДУИ.
Ние како достоинство покренавме иницијатива и го отворивме прашањето дали ветераните на УЧК треба да вршат јавни функции. Ако мене ме прашувате, сметам дека кој и да земал оружје во рака против својата држава, нема право да врши јавни функции, а не да прави споменици. Но, за жал состојбата е таа. Еден од моите стравови е да не се разгори меѓуетничката тензија. Ние како „Достоинство“ пробавме се за да надминеме некои состојби, но не успеавме. Гледајќи ја состојбата се повлековме", изјави Ангелов.

На 2 мај, на празникот Рамазан Бајрам, во липковското село Слупчане се отвори спомен кула во чест на борците на ОНА. За кулата висока 20 метри потрошени се 200 илјади евра општински пари. Во Слупчане има и музеј на ОНА.

Римскиот политичар и филозоф, Марк Тулиј Цицерон, во I век пред н.е. укажал дека „кога немате основа за аргумент, злоставувајте го тој што ве обвинува“.

повеќе

Со појавата не енергетската криза многу земји отстапија од зацртаните планови за намалување на емисиите на стакленички гасови.

повеќе

Работите во Македонија забегаа до тој степен што за нив мора да се пишува отворено, „револуционерно“.

повеќе