Конвенција на Достоинство

Ангелов: Употребата на албанскиот јазик не смее да излезе надвор од мислењето на Венециската комисија

Гоце Делчев е Бугарин онолку колку што Македонците кои имаат бугарски пасош се Бугари. Ова вчера на годишната конвенција на партијата Достоинство гоизјави нејзиниот лидер Стојанче Ангелов. Тој ги повика сите оние кои се против режимот на ВМРО-ДПМНЕ да се придружат на неговата партија.

„Воопшто не треба да се преговара, никој нема право да преговара, ние сме Македонци кои зборуваат македонски јазик. Сметаме дека Гоце Делчев е Бугарин онолку колку што Македонците кои имаат бугарски пасош се Бугари. Ние сме за унапредување на јазичните права на сите македонски граѓани. Албанскиот јазик не смее да излезе надвор од мислењето на Венецијанската комисија“, рече Ангелов.

Изминатата недела имаше бурен почеток со објавувањето на вториот сет мерки. Се изнаслушавме разно-разни коментари, предлози и видувања кои никако не би можело да се рече дека се засновани на прецизни анализи и предвидувања на надлежните институции во државата, со кои располагаме, НБРСМ и МФ.

повеќе

Наместо да седнат заедничи и оние од власта и оние од опозицијата и да се договорат околу стратегијата за борбата со најголемата опасност, тие мудруваат и кажуваат бајки.

повеќе

За жал во овие тешки времиња некои политичари се занимаваат и со вируски патриотизам: на корона не сме се обратиле мултилингвално.

повеќе