Денови на Канада

Анета Антова-Пешева нов почесен конзул на Канада во земјава

Канада е пријател и партнер на Северна Македонија. Нашите земји ги поврзува дијаспората, преку политичката соработка, бизнис-врските и културната поврзаност, изјави амбасадорката на Канада Кати Ксаба, на одбележувањето на Националниот ден на Канада што вечерва се одржа во Скопје.

Во рамки на свеченоста во Филхармонија беше претставен и новиот почесен конзул на Канада во нашата земја – Анета Антова-Пешева.

Среќни сме, рече амбасадорката Ксаба, што преку посветеноста и напорната работа на новиот почесен конзул Анета Пешева, Канада и Северна Македонија уште повеќе ќе ги зајакнуваат меѓусебните врски.

„Наскоро, заедно ќе бидеме членки на НАТО. Тоа е исклучителен успех благодарение на вашата напорна работа. Иако Канада не е земја членка на Европската Унија, ние ја гледаме вашата иднина во ЕУ. Знаеме дека ќе бидете таму. Нема да стигнете брзо, ниту лесно, туку со истата напорна работа што го овозможи досегашниот напредок на земјата“, порача Ксаба.

На националниот попис, посочи Ксаба, над 44 илјади Канаѓани се изјасниле дека имаат македонско потекло и над 36 илјади дека имаат албанско потекло.

Новиот почесен конзул Анета Антова-Пешева, која е од бизнис и ИТ-секторот, изјави дека претставува голема чест и обврска да се биде почесен конзул на Канада и ќе се залага да ги пренесе сите позитивни практики од Канада во нашата земја.

„Имаме многу блиски и фамилијарни врски со Канада. Канада е многу голема држава и ако бидеме вистински партнер со неа навистина ќе има големи придобивки“, изјави Пешева.

На настанот присуствуваа повеќе гости од домашната и меѓународната дипломатска, политичка, културна и бизнис-заедница.

Во рамки на одбележувањето на Канадските денови во нашата земја вечерва во Камерната сала на Филхармонија концерт гудачкиот квартет „Молинари" од Монтреал, во кој членуваат виолинистите Олга Ранзенхофен и Антоние Бареил, виолистот Фредерик Ламберт и виолончелистот Пјер-Алан Буврет.

Јавните медиумски сервиси треба да бидат столб на демократските општества и примарен извор на информации за сите граѓани.

повеќе

Отповикот или импичментот на претседателот Доналд Трамп од страна на Претставничкиот дом покажува дека членовите на Конгресот на САД прво се партијци, а потоа Американци.

повеќе

Најпрво, важно е да се напомене дека поседувањето на оф-шор компанија не е нелегално само по себе. Во суштина оф-шор земјите нудат низа поволности како што се исклучително поволни стапки на данок. Всушност, некои од нив имаат нула стапка на данок. 

повеќе