Андреевски: Таткото и синот Мицкоски преку Машински факултет наплатиле илјадници евра од проекти од ЕЛЕМ

До СДСМ во вторникот беше доставен материјал, во кој како што е наведено од професор на машинскиот факултет, на кој се гледа дека доцент Мицковски и неговиот татко професор Мицкоски покрај тоа што се еклатантен пример за непотизам, биле и извршители на договори за работа како ревиденти и консултанти за тендер и проекти во државната компанија ЕЛЕМ, изјави денеска претседателот на Комисијата за енергетика на СДСМ, Митко Андреевски. 

„На самиот крај од кампањата за парламентарните избори 2020, сакаме да ја информираме јавноста за две теми кои се поврзани директно со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Секако тоа не го правеле про-боно, туку фактурирано и наплатено. (во прилог се сумите: 105.020 ; 38.232 ; 32.400 ; 207. 680 денари.) Ова не е ниту морално ниту етички. Покрај директорувањето во ЕЛЕМ, сопственоста на хидроелектрани, фамилијата Мицковски – клан од Машинскиот факултет биле ангажирани за извештаи, евалуација на понуди и тендери од државната ЕЛЕМ“, додава Андреевски.

Според него, сите функционери на СДСМ го ставаат на увид секој потрошен денар, транспарентно и отчетно, а Мицкоски секоја вечер зборувал за идна проверка на имот на политичари.

„Е ама тој нема анкетен лист, нема доставено ниту до јавноста, ниту до антикорупциска. Нема јавно достапни информации за кои е нормално да ги има за лидер на опозиција, што има од имот овде во републиката и надвор од неа, тој и неговото семејство. Колку и како заработувал во минатото и денес? Затоа на 15 јули излезете и гласајте, не дозволувајте да се вратат злоупотребите од Груевски, Мицкоски и нивните фамилии“, додаде Андреевски.

 

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе