Во октомври 1995

Aндов го потпиша указот за ратификација на договорот со Грција, шест дена по атентатот на Глигоров

На 9 октомври 1995 тогашниот претседател на Собранието на Република Македонија Стојан Андов го потпиша Указот за Законот за ратификација на привремената спогодба меѓу Република Македонија и Република Грција, склучена во Њујорк на 13 септември 1995 година. Андов ова тогаш го стори во име на претседателот на Македонија Киро Глигоров, кој шест дена пред тоа доживеа атентат. 

Актуелниот претседател на Македонија Ѓорге Иванов веќе се изјасни дека нема намера да го потпише указот за ратификација на актуелниот договор меѓу Македонија и Грција за промена на името.

Иванов тоа не го стори и со Законот за употребата на јазиците, па Талат Џафери, претседателот на Собранието на Македонија, во неколку наврати изјавуваше дека тој има право да го потпише указот за официјализирање на овие закони и покрај противењето на шефот на државата. Џафери рече дека тој ќе го прател Законот за употреба на јазиците на објавување во Службен весник.

И двете страни се повикуваат на можна одлука на Уставниот суд во случај кога претседателот на државата не потпишува указ и по второ позитивно гласање во Собранието и во случај на утврдување на уставноста на овие законски проекти.

Од владината коалиција веќе отворено најавуваат дека имаат намера во Собранието да покренат утврдување на одговорност на претседателот Иванов, т.н. импичмент. 

 

Националното достоинство и идентитет не се статични „од Бога дадени" категории, туку динамични категории кои зависат од нашите постапки и акции.

повеќе

Не е во прашање само Русија VS Западот. Има нов играч на масата.

повеќе

Ако на референдумот на 30 септември македонските гласачи изгласаат да се смени името на нивната држава во Северна Македонија, НАТО треба да ја покани нивната влада во Алијансата.

повеќе