Поранешниот претседател на Парламентот за МКД.мк

Андов: Договорот е одраз на светската јавност, ако одиме контра, ќе добиеме тешки шлаканици

Поранешниот претседател на Парламентот, Стојан Андов смета дека договорот за решавање на спорот со името што го постигнаа Македонија и Грција е една од шансите да се реши тој спор. Андов, во изјава за МКД.мк вели дека ако сега не го решиме спорот, во иднина ќе ни се влошува ситуацијата и решенијата ќе бидат полоши.

На прашањето дали има нешто што не му се допаѓа во овој договор или што е против македонските интереси, Андов вели:

„Мене ништо не ми се допаѓа од ова. Но, не е за допаѓање. Тоа е однос на силите, одраз на целата светска јавност и ако одиме контра сето тоа, се разбира ќе добиеме тешки шлаканици. Некој ќе рече дека ова е дискриминација кон Македонија. Истото ќе ѝ се случи и на Грција ако таа го одбие. И таму има големо незадоволство, тоа го гледаме“, ни изјави Андов.  

Според него, на погрешна линија е храброста да се покажува како доблест на линијата да се одбие или да се спротивстави на договорот. Но, како што вели, никој не се прашува што после.

„Еве да го одбиеме, нека кажат што после тоа. Нека кажат дали имаат идеа што понатаму. Ако има идеа и ако е реална јас ќе ја поддржам“, вели Андов.

Во овој контекст е и неговиот коментар за вчерашната реакција на претседателот Ѓорге Иванов и дополнува дека ова се однесува посебно на Иванов.

Андов не се сомнева дека договорот ќе ја помине првата фаза и добие зелено светло во Парламентот, а вели дека ќе помине и во грчкиот парламент кога ќе дојде. Мислам дека „Следниот чекор е референдумот, а неговиот исход ќе зависи од тоа како владата и мнозинството ќе се подготви и што ќе прави“, додава Андов.

Но, референдумот, како што вели е второ прашање, заклучоци ќе се извелкуваат кога ќе помине првата фаза.

Инаку, потпишувањето на договорот е предвидено за в сабота во Преспа, а според грчките медиуми, за овој настан покани биле испратени и до генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш, до посредникот Метју Нимиц, како и до високата претставничка за надворешна политика на ЕУ Федерика Могерини и еврокомесарот Јоханес Хан.

Ж.П.Б.

 

Новинарите на хрватски ТРИС се приклучија во патувачкиот новинарски карван до земјата без име.

повеќе

Лидерството на опозициската ВМРО-ДПМНЕ мора да излезе јавно, на прес конференција, заедно со сите пратеници, и да објават прекин на секакво понатамошно учество во дискусија на собраниската седница.

повеќе

Според Агенцијата за вработување, најмногу невработени има меѓу дипломираните правници, економисти, професори по одделенска настава на македонски и албански јазик и социјални работници. 

повеќе