Андоновски: Видовме како Дончев полни торби со пари, а не видовме некој да одговара

СДСМ и Зоран Заев се најголемите производители на корупција во Македонија. Со четиригодишното владеење на СДСМ, Македонија има историски најлош пад на 111 место на меѓународниот ранкинг на Транспаренси интернешнл. Ние сме во друштво на Монголија, Панама, Молдавија, Есватини, Сиера Леоне. Подобра оценка за корупција од Македонија имаат: Косово, Ел Салвадор, Брегот на Слоновата Коска, Алжир, Гамбија, Казахстан, Етиопија и Суринаме. Ова е успехот на антикорупционерот Љупчо Николовски. Ова се резултатите на министерот за правда Бојан Маричиќ, изјави денеска Стефан Андоновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Од држава со резултати на Дуинг бизнис, 50 места погоре во борбата против корупцијата и една од најдобрите бизнис дестинации, станавме држава еднаква со државите кои се уште се во граѓански војни, вооружени судири, убиства и атентати на лидери, диктатури. И сто прес конференции да организираат, и уште десет скапи ПР агенции да ангажираат со наши народни пари, нема да можат да го покријат меѓународниот срам кој и го донесоа на Македонија.

Корупција е кога директор на Државниот фонд за здравствено осигурување во случајот „Дијамед“ вели дека со Швеѓаните имаат “игра”, и споменува дека една од опциите е “Швеѓаните да платат нешто”. Корупција е кога истиот тој директор товари купчиња кеш пари во торби. Непријавени, неоданочени, криминогени пари. И за тоа никој не одговара. На директорот влакно не му фали од главата. Тоа е корупција.

Корупција е кога омилениот медиумски лик на власта, на сред судница вели дека „парите треба да се бараат кај Зоран и Вице Заеви“. Корупција е кога премиерот знае пред правосудството за мрежи од кривични дела и дозволува истите да продолжат. А после се, омилената обвинителка на власта не вештачи телефони и други уреди за да стигне до врвот на пирамидата – до главата на корумпираниот октопод.

Нема правда во случајот Рекет, ниту поткуп за Ден Дончев, ниту пак за Дијамед. Ете затоа сме најкорумпирани во Европа.

Ова се причините за коруптивната кал во која не доведе Зоран Заев. Затоа, Македонија наместо да е во друштво со сите европски држави каде што се стремиме, е во друштво со диктатури и нефункционални држави – кршливи демократии и авторитарни режими.

Затоа, одговорност за Николовски и Маричиќ. И одговорност за владата на Зоран Заев. Кога ќе си замине оваа влада, ќе дојде одговорност за мочуриштето во кое не донесоа“, рече Андоновски.

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе

Некогаш да градиш на три континенти, а денес да не ја градиш сопствената држава.

повеќе