Андоновски од Вашингтон: Социјалдемократските партии не се грижат за демократијата и владеењето на правото, тоа е случај и во Македонија

Почитувани пријатели, на крајот сме на уште еден форум на Internacional Democrat Union, најголемата светска организација на десничарски партии. Како ВМРО-ДПМНЕ имавме делегација и активно учествувавме на овој настан. Можам да истакнам дека ги споделивме најважните прашања кои се однесуваат на Македонија, на состојбата во Македонија и на борбата против корупцијата како најзначајното прашање кое ги засега десничарските партии од регионот но и десничарските партии во целиот свет, рече Стефан Андоновски, меѓународен секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

Определбата на сите партии од регионот и светот е дека мора да постои правна држава, владеење на право во нашата држава и силна борба против корупцијата.

Режимите на Социјалдемократските партии во светот, но и во Македонија покажаа дека тие не знаат да се грижат ниту за демократијата, ниту за владеењето на правото, а најмалку за борбата против корупцијата. Затоа многу е важен овој состанок на кој ги споделивме искуствата од државите кои се соочеуваат со случни проблеми, кои се хибридни режими и кои се многу ниско на скалата на Транспаренси интернешенал, и заедничката борба од овде од Вашинготн, но и од сите главни градови во светот мора да биде против ваквиот систем и ваквите режими.

Како партија остануваме посветени на европската интеграција на Македонија, на атлантскиот пат на Македонија, на пат кој не смее да биде закочен со национални отстапувања, национални понижувања и газење на македонскиот национален идентитет.

Токму за овие прашања заборуваме на овој тридневен настан, продолжуваме активно да учествуваме во работата на IDU и на другите настани на нашите меѓународни партнери.

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе