Андонов стана министер за внатрешни, се сликаше и веќе не е министер

Оливер Андонов, кој вчера беше избран за министер за внатрешни работи за еден ден, денеска веќе си поднесе оставка од функцијата.

За време на неговиот кус мандат, Андонов по положувањето заклетва во собранието, успеа само да се слика во министерскиот кабинет во МВР за официјалната интернет страница на Министерството.

Во оставката што ја поднесе денеска до владата и до премиерот Емил Димитриев, Андонов пишува дека ја поднесува поради организирањето на предвремените избори.

„Собранието на РМ на предлогoт на претседателот на Владата, сто дена пред денот на одржувањето на изборите за пратеници во Собранието меѓу другото избира и министер за внатрешни работи. Со оглед на наведенотo, а во насока на имплементација на наведената законска одредба, поднесувам оставка на функцијата министер за внатрешни работи“, пишува во неговата оставка.

Андонов дојде на позицијата министер откако претходниот министер, Митко Чавков, вчера поднесе оставка и од Владата ќе биде назначен за директор на Бирото за јавна безбедност (БЈБ). Синоќа Собранието со 65 гласа „за“ и ниту еден против, го избра Андонов за нов министер за внатрешни работи. За време на гласањето, во салата не беа присутни пратениците од опозицијата.

Денеска, пак, во Собранието беше констатирана неговата оставка заедно со оставката на министерот за труд и социјала Диме Спасов.

 

 

Античкиот грчки филозоф Хераклитус, кој живеел пред Сократ, Платон и Аристотел, е авторот на често користената поговорка „панта реи“ (Panta rei), односно, во превод, поедноставено: ,„сѐ тече, сѐ се менува, ништо не останува исто, нема апсолутна вистина и единствена реалност е повеќегодишно движење“.

повеќе

Интеграциите и буџетски субвенционираната економија и социјала се проектираните теми на кампањата на власта за претстојните избори.

повеќе

Третманот и плаќањето на работникот од кого зависи целиот производствен систем, треба да биде на прво место кај државата и работодавачот. 

повеќе