АНБ ќе има нов директор, рече премиерот и не откри детали за државјанството на Онишченко

И покрај две новинарски прашања упатени до премиерот Димитар Ковачевски, тој не кажа врз која основа Владата на затворената седница донела одлука да се отпочне процедура за одземање на македонското државјанство што му било дадено на руско-украинскиот олигарх Олександар Онишченко. А на прашањето дали ќе има одговорност за директорот на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) Виктор Димовски, премиерот само рече дека Агенцијата за 20 дена ќе има нов директор.

Во однос на раководењето на АНБ, за 20 дена ќе има нов директор,  рече Ковачевски на прес-конференцијата на која ги претставуваше новите владини мерки за справување со енергетската и економска криза.

Имајќи предвид дека законот според кој може на странец да му се даде државјанство, но и според кој може истото да му се одземе, а каде е наведено дека не може да се одземе доколку е дадено врз база на поднесени валидни документи, новинарското прашање гласеше: Премиере, можете ли да наведете барем еден невалиден документ поднесен од Онишченко?

Премиерот Ковачевски на тоа одговори на ист начин: „Владината седница беше затворена за јавноста поради доверливиот карактер и освен соопштението кое беше испратено за јавноста, други детали не можам да споделам“.

Мандатот на Виктор Димовски и формално е при крај, а тој е именуван за амбасадор во Франција за што веќе има добиено агреман. Опозицијата бара негова одговорност како директор на АНБ, односно како последниот филтер во однос на одобрувањето на државјанство за Онишченко, но опозицијата бара Димовски да не биде испратен за амбасадор.

Инаку, Онишченко веќе изјави дека е изненаден од одлуката да му се одземе македонското државјанство наведувајќи дека при поднесувањето се дадени исклучиво валидни документи, онака како што му било побарано. 

Притоа наведе дека од него било барано да земе државјанство со цел да биде носител на развојот на коњичкиот спорт во Македонија

Целата афера поврзна со Олександар Онишченко настана откако беше откриено дека тој е на црната листа на САД и дека е контроверзна личност и во Русија и во Украина како олигарх и поранешен политичар.

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе

Според последното истражување на организацијата ПИНА, базирано врз анкети направени со 103 новинарки, 24,1% од новинарките добиле закани за физичко насилство, а 19,5% и закани по животот.

повеќе