петок, 10 мај 2024

„М“ на Тозија ја доби наградата за режија во Порто Алегре

Македонскиот режисер Вардан Тозија ја освои главната награда за Најдобра режија во интернационална конкуренција на најголемиот жанровски филмски фестивал во Јужна Америка, Fantaspoa. Fantaspoa, чие јубилејно 20-то издание се одржа во Порто Алегре, Бразил, е единствениот фестивал од Јужна Америка што е дел од престижната Мелиес – Европска Филмска Федерација на фантастични филмови, организација која ги обединува најзначајните 22 жанровски филмски фестивали во светот.

Објавено на

часот

Сподели

Силвија Каминер, членка на интернационалното жири на Фантаспоа, го опиша филмот “М“  како “прекрасна и прогонувачка приказна. Тозија внесува нов живот во зомби жанрот, преку чудесен визуелен израз и исклучителна актерска изведба на двете мали ѕвезди“.

Филмот “М“ беше дел од интернационалната селекција, составена од 24 филмови од целиот свет, во најголем дел со свои светски и континентални премиери. По успехот на овој македонски филм, се очекува широка дистрибуција низ земјите на Јужна Америка.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ