Атина

Анагностопулу: И да победи Сиљановска, на меѓународно ниво нема да направи ништо за Договорот од Преспа

Двајцата кандидати кои го поддржуваат Договорот од Преспа имаат 11 проценти повеќе гласови од кандидатката од националистичкиот блок, вели грчката алтернативна министерка за надворешни работи, Сиа Анагностопулу, коментирајќи ги резултатите од првиот круг на претседателските избори.

Анагностопулу, во интервју за радиото „Практорио фм” на грчката новинска агенција АНА-МПА, оценува дека не е веројатно да биде избрана Гордана Сиљановска, но додава дека дури и да се избере, на меѓународно ниво нема да направи ништо во однос на Договорот од Преспа, пренесува МИА.

„Сметам дека и ВМРО има сфатено дека ниту може да направи нешто, ниту пак сака, бидејќи ќе има реакција од народот, бидејќи граѓаните од Северна Македонија сакаат европска перспектива за нивната земја, сакаат отворање кон светот, бидејќи затвореноста, тоа дека немаа контакти со Грција, и нив самите ги чинеше многу“, вели Анагностопулу.  

Таа изјави дека оваа недела во грчкиот Парламент ќе бидат доставени двете спогодби што се однесуваат на отворањето на новите гранични премини меѓу двете земји, а што се однесува до комисијата за трговските ознаки, Анагностопулу вели дека учествуваат бизнисмени и експерти за да ги решат проблемите што би произлегле.

„Она што го констатиравме е дека нашите производи ПОП (заштитена ознака на потекло) и ПГЕ (заштитена географска ознака) се апсолутно обезбедени. За оние за кои може да постојат проблеми, за тие ќе биде комисијата, за да даде решенија“, вели Анагностопулу.

Толку убава, чиста земја, богата со шуми, планини и природни ресурси ја претворивме во Мордор.

повеќе

Сè повеќе се зборува за диверзификација на приходите, наместо фаворизирање само еден извор на финансирање.

повеќе

Пранкот врз премиерот го откри „гангот" кој управува со државата.

повеќе