Ан Линде, министерката за надворешни работи на Шведска денеска во Скопје

Министерката за надворешни работи на Кралство Шведска, Ан Линде денеска ќе престојува во официјална посета на Македонија на покана на нејзиниот македонски колега, шефот на дипломатијата Никола Димитров.

Како што соопшти МНР, Линде во рамки на посетата ќе биде примена и од претседателот на државата Стево Пендаровски, а ќе се сретне и со вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска-Јанковска и со вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи.

На средбите се очекува да бидат разменети мислења за домашните случувања, реформската агенда и следните чекори поврзани со европската перспектива на Северна Македонија по октомврискиот Европски совет, потоа за регионалната динамика и други актуелни меѓународни прашања, како и за севкупните билатерални односи и соработка меѓу Северна Македонија и Шведска, наведуваат од МНР. 

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе