АМСМ: Граничниот премин Евзони отворен за сообраќај

Граничниот премин Евзони денеска е прооден за сите видови на возила, а блокадата од трактори е отстранета, соопшти АМСМ.

Поради штрајк на грчките земјоделци Евзони беше затворен за секаков вид сообраќај од 28 јануари. Земјоделците кои го блокираа граничниот премин, според грчките медиуми, најавиле дека од пладне ќе почнат да се повлекуваат од блокадата.

„Одлучивме во петок на пладне да започнеме да се повлекуваме од клучката кај Идомени, блиску до преминот Евзони на границата меѓу Грција и БЈРМ и да се вратиме на нашите ниви“, изјавил Томас Карипидис, претставник на земјоделците кои го блокираа Евзони за грчката информативна агенција АПЕ.

Македонското МНР вчера по речиси три недели блокада испрати протестна нота до Грција во која побара решавање на проблемот. 

Нашата страна или многу наивно играла според некои свои знаења и без правила и принципи или ја свиткала кичмата.

повеќе

Во Мексико, Индија и Турција, жените завршуваат трипати повеќе обврски поврзани со грижа од мажите.

повеќе

Сега свесно или несвесно се оди во друг правец, сведувајќи ја  партијата  на ниво на  дебатен клуб.

повеќе