Вашингтон

Американско-европска алијанса: Ново англо-американско пратнерство за Западен Балкан по неуспехот на Брисел

Членството во НАТО е најголемиот историски успех на Северна Македонија и граѓаните на земјата треба вниматело да изберат што сакаат – политичка дестабилизација од страна на Русија и кинески предаторски инвестиции, или демократија, владеење на правото и силни западни инвестиции.

Ова беше заклучокот од вчерашната презентација на најновиот нон-пејпер (нацрт-политичка програма) на Американско-европската алијанса од Вашингон за новото англо-американско пратнерство на Западен Балканот.

Проширувањето на ЕУ со нови членки од Западен Балка засега е закочено и француското вето најверојатно нема да биде подигнато, покрај гласните настојувања на германската канцеларка Ангела Меркел, поранешниот претседателот на ЕУ, Доналд Туск, и поранешниот претседател на ЕК, Жан Клод Јункер, се вели во нон-пејперот.

„Одлуката на (францускиот претседател) Емануел Макрон да го запре проширувањето на ЕУ дојде во посебно важен период за Западен Балкан. Се отвари политички и безбедносен вакум во овој стратегиски важен регион. Сили противнички на трансатланстките интереси и вредности сега ефективно ќе го пополнат тој вакум“, изјави Ричард Крамер, претседател на Американско-европската алијанса.

„Сепак, најголемиот историски успех на Северна Македонија е членството во НАТО, и тој успех треба да се цени бидејќи се работи за обезбедени граници и внатрешна стабилност“, истакна Крамер во интервју за МИА кое интегрално ќе биде објавено.

На овој историски крстопат кога САД и Велика Британија се повлекуваат од своите првични ангажмани во Авганистан и Ирак, посебно по успешниот Брегзит, и по назначување на Администрацијата на Доналд Трамп на двајца претставници за регионот, двете светски сили имаат уникатна шанса да обезбедат посилна трансатлантска безбедност и просперитет во регионт, истакнуваат авторите на нон-пејперот, Крамер и Реуф Бајровиќ, копретседател на Консултативниот совет за Босна и Херцеговина.

Тие истакнаа дека Лондон и Вашингтон треба да покажат проактивна улога во Западен Балкан по неуспехот тоа да го стори Брисел. Алијансата предлага англо-американски здружени сили со активна и силна програма за воено и економско утврдување на НАТО сојузниците и демократиите во Западен Балкан.

Некои од целите на англо-американското партнерство за Западен Балкан се приоретизирање на подлабока билатерална поддршка за новите НАТО членки, Црна Гора и Северна Македонија, како и значајно финансирање за обука и воена опрема за армијата на Босна и Херцеговина.

Обезбедување на инвестициски алтернативи на предаторските заеми нудени од Кина, диверсификација на снабдување со енергенси со нови постројки за течен приороден гас на главните пристаништа и приклучок на регионот на постоечките гасоводни проекти како ИстМед. Како и реализација на целосно признавање на независноста на Косово.

Панел дискусија и презентација на нон-пејперот на алијансата за англо-американската подршка за Западен Балкан, беше во организација на Обединета македонска дијаспора и Консултативниот совет за БиХ.

Она она што го нудат медиумите во времето на ковид-19 покажа колку тие не се подготвени за да известуваат во време на криза, а кризите ги има сè почесто.

повеќе

Доколку нешто радикално не се промени, не можеме да очекуваме дека нашата економија брзо ќе се нормализира и ќе излезе од сегашната криза.

повеќе

Како да разликуваш дали „Македонец” означува етничка припадност или државјанство? Според потребата на моментот!

повеќе