Американскиот Сенат со огромно мнозинство го ратификуваше протоколот за влез на Македонија во НАТО

Американскиот Сенат вечерва со 91 глас „за“ и два против ја усвои Резолуцијата за ратификација на Протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО.

Претходно сенаторите гласаа Протоколот да се донесе по скратена постапка, што беше поддржано од 84 сенатори, а двајца беа против.

„Честитки! Нашиот НАТО Протокол е ратификуван во Сенатот на САД со 91 глас „за“ и само два гласа „против", напиша на Фејсбук министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

Американската амбасадорка Кејт Брнс ја поздрави ратификацијата на пристапниот протоколот на Македонија во НАТО од страна на Сенатот на САД, оценувајќи ја како резултат на напорна работа и посветеност кон вложување во иднината.

„Многу задоволна поради огромната поддршка на Сенатот во ратификацијата на пристапниот протоколот на Северна Македонија во НАТО од страна на САД. Тоа е резултат на напорна работа и посветеност кон вложување во иднината. Со нетрпение очекувам продолжување на развојот и зајакнување на партнерството меѓу нашите две земји“, порача на Твитер американската амбасадорка Брнс.

Сенатот на Соединетите американски држави денеска со 92 гласа „за" и два „не" го изгласа пристапниот протокол за влез на Северна Македонија во НАТО.

САД се 25-тата членка на НАТО што го ратификува Протоколот за пристапување на земјава во Северноатлантската алијанса.

Очекувањата се дека Протоколот наскоро ќе биде ратификуван од сите 29 држави членки и со тоа приемот на земјава ќе може да се официјализира пред Самитот на Алијансата закажан за 3 и 4 декември во Лондон.

Засега неизвесно е дали тоа пред Самитот ќе се случи во шпанскиот Парламент. Двата дома на Парламентот се распуштени. Изборите се закажани за 10 ноември, а доколку се помине како што треба новиот состав на Парламентот би се конституирал на 3 декември.

Протоколот треба да се комплетира и во Франција, каде помина во Сенатот, а сега за него треба да се гласа и во Националното собрание. Процесот треба да заврши и во Холандија и Исланд.

Земјите-членки на НАТО на 6 февруари го потпишаа Протоколот за пристапување на Македонија во Алијансата. По ратификацијата на Протоколот во парламентите на сите 29 земји сојузници во Алијансата, Македонија и официјално ќе стане полноправна членка.

ЕУ, свесна за демократскиот дефицит на земјите од Западниот Балкан (но и останатите, претежно економски проблеми), како да тежнее кон формирање блиски, но и специфични односи со овој регион, без полноправно членство.

повеќе

Нарушени се човековите права и слободи, нема владеење на правото и правосудството, кои треба да бидат основа на процесот.

повеќе

Поентата на глобализмот е максимално економско вмрежување во десетици економски сојузи на секоја држава.

повеќе