Американскиот државен секретар Мајк Помпео пристигна во Охрид

Американскиот државен секретар Мајк Помпео  попладнево пристигна на охридскиот аеродром „Свети Апостол Павле“, каде беше пречекан од министерот за надворешни работи Никола Димитров и веднаш замина на средба со претседателот Стево Пендаровски во вила „Билјана“, по што ќе следува средба со премиерот Зоран Заев.

По тет-а-тет средбата меѓу премиерот Заев и државниот секретар Помпео, е предвидена билатерална средба на која од страна на Владата на Република Северна Македонија ќе присуствуваат претседателот на Владата Зоран Заев, министерка за одбрана, Радмила Шекеринска, вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи и министерот за надворешни работи, Никола Димитров. 

На средбите со државниот врв ќе се разговара за соработката меѓу двете земји, за напредокот на земјава во процесот за членство во ЕУ и НАТО, како и за прашањата кои се однесуваат на стабилизација и просперитет на регионот. 

Попладне државниот секретар Помпео и неговата придружба во која се помошникот државен секретар Филип Рикер и амбасадорката на САД во Македонија Кејт Мари Брнз, ќе ја посетат црквата Света Богородица Перивлепта во Охрид, која што беше реновирана и заштитена со средства обезбедени преку програмите на УСАИД. 

На средбите во Охрид, Помпео уште еднаш ќе истакне дека Договорот од Преспа е исклучителен и храбар чекор на лидерите на Северна Македонија и на Грција за стабилизација и просперитет на регионот и за влез на земјата во НАТО и во ЕУ. Според Стејт департментот, САД се фокусирани на Западен Балкан како стратегиски важен дел од идејата за обединета Европа и затоа државниот секретар Помпео ја комбинира повеќедневната официјална посета на регионот „за реафирмација на сојузништвото со 29-та (Црна Гора) и 30-та (Северна Македонија) членка на НАТО“.

Разговорите ќе се фокусираат и на безбедноста и можностите за економски развој на земјата. Една од темите ќе биде и дестабилизирачката улога на Русија во регионот.

Помпео, кој е 70-ти американски државен секретар, посетата на регионот ја започна од Ватикан, од каде што замина за Црна Гора, а по посетата на нашата земја заминува за Грција.

Претседателот Стево Пендаровски посетата на американскиот државен секретар Мајк Помпео ја оцени како враќање на голема врата на САД во регионот.

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе