Американски и грчки воени авиони утре со прелет над Скопје ќе го поздрават членството на Македонија во НАТО

Американски воени авиони утре со прелет над Скопје ќе го поздрават членството на Република Северна Македонија во НАТО, информираат од Министерството за одбрана. Прелетот ќе се реализира околу 11:20 часот.

Два авиони на американското воено воздухопловство придружувани од два воени авиони на Република Грција, ќе извршат прелет над територијата на Македонија. Прелетувањето ќе биде во чест на нашето членство во НАТО. Авионите ќе летаат вдолж реката Вардар, а ќе дојдат од правец на скопскиот аеродром, велат од МО.

„Нашите американски сојузници испраќаат силна порака дека нашите две земји одржуваат одлична соработка и дека по континуираната поддршка што ни ја даваа на патот кон НАТО, и по влезот во Алијансата остануваат и понатаму наш силен сојузник и стратешки партнер“, потенцира министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

Американските авиони ќе полетаат денеска од сојузната држава Јужна Дакота и ќе имаат 30-часовен непрекинат лет со полнење гориво во воздух. Доколку временските услови го овозможат тоа, заинтересираните граѓани ќе можат да го набљудуваат прелетот на американските авиони и авионите придружници од грчката воена авијација над Скопје. Авионите над нашата земја ќе летаат на височина од 1.500 метри и нивниот прелет ќе биде проследен со силен звук. Демонстрацијата на овој прелет ќе биде уште една потврда за срдечниот прием на Македонија во НАТО и сигнал за продолжување на соработката.

Македонското членство во НАТО почна со широка поддршка од сојузничките земји, која се покажа и при здравствената криза од коронавирусот со многубројни донации во медицинска и заштитна опрема од страна на сојузниците. Како нова членка на НАТО, земјава е вклучена и во програмата за воздушно патролирање, која е ексклузивна само за членките на Алијансата и чија цел е заштита на небото на државите од НАТО. 

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе

Ако идниот премиер биде македонски Албанец и ако успее сите граѓани на Македонија да се поклонуваат под едно знаме, тогаш – зошто да не!

повеќе