Американската амбасада со порака до Мицкоски: Потпалувачката реторика е опасна

Потпалувачка реторика од политичките лидери предизвикува страв и поделба, особено кога неточно се користат настани од минатото, како што е Нирнбершкиот процес за политички цели. Ова е пораката што му ја испрати американската амбасада на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, иако не го именуваше. 

Во реакцијата објавена на официјалниот Фејсбук профил на амбасадата пишува дека „таквиот јазик е опасен и не придонесува за продуктивен дијалог за правецот во кој се движи земјата”.

„Многу е важно лидерите овде повеќе да се вклучат во граѓански дијалог кој може да ја унапреди стабилноста и просперитетот на Северна Македонија”, пишува во реакцијата на амбасадата.

Реакцијата на американската амбасада следи по изјавите на Мицкоски во интервјуто за ТВ Сител. 

„Имам информации дека Митко Чавков е осуден на подолго од 14 години. Очекувам вкупната пресуда што ќе се изрече дека ќе биде преку 100 години за сите луѓе и ќе биде практично Нирнбершки процес, осветољубие и ништо друго“, рече Мицкоски, коментирајќи го притворањето на Митко Чавков пред изрекувањето на пресудата за 27 април.

 

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе

Оваа појава почнува да претставува сериозна закана за учениците, но и грижа за родителите и наставниците.

повеќе