Американската амбасада на ДИК ѝ донираше заштитни средства за организација на изборите

Амбасадата на САД во земјава денеска на Државната изборна комисија (ДИК) ѝ предаде донација од 50.000 заштитни маски и 10.000 дезинфициенци како помош и поддршка во напорите на Владата да се одржат безбедни избори и да се заштити здравјето на граѓаните во текот на изборниот процес.

„Се надеваме дека оваа донација ќе даде придонес на напорите на Владата на Северна Македонија да се одржат сигурни и здравствено безбедни избори“, рече американската амбасадорка Кејт Мари Брнз која му ја предаде донацијата на претседателот на ДИК, Оливер Деркоскии.

Брнз додаде дека САД ја поздравуваат Владата за нејзината посветеност на демократските вредности, како што рече,  дури и за време на овие тешки времиња. Според неа, заштитната опрема и дезинфициенците се исклучително барани во светот за време на оваа пандемија бидејќи, како што рече, сите земји се обидуваат да обезбедат доволно количини за да ги заштитат своите граѓани.

„Ние сме задоволни од тоа што Владата презема активни мерки да овозможи да се одржат безбедни избори и да ги заштитат граѓаните и лицата кои се вклучени во организацијата на изборниот процес, што е особено важно и поради тоа што ова се први избори кои се организираат во земјава во услови на пандемија“, изјави Брнз.

САД, додаде таа, „остануваат посветени поддржувачи на нашиот партнер Северна Македонија – нашиот нов НАТО сојузник во справувањето со оваа глобална криза“.

Претседателот на ДИК Дерковски, се заблагодари за одѕивот на Американската амбасада на повикот на Комисијата за поддршка во неопходните санитетски материјали.

„Десет илјади средства за дезинфекција и 50.000 заштитни маски кои се донација од Американската амбасада и нејзините организации и тоа како ќе ни помогнат во организација на овие избори, сѐ со цел да овозможиме на нашите граѓани да им биде обезбедена најголемата можна заштита при изборниот процес“, рече Деркоски.

Тој изрази надеж и уверување дека соработката на ДИК и Амбасадата на САД и во иднина ќе продолжи, како што рече, во овој правец во кој се движела порано и сега.

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе