Честитки

Американската aмбасада ја честита 118-та годишнина од Илинден, руската положи венец во Меморијалниот центар на АСНОМ

Од сите нас во американската aмбасада ви ја честитаме 118-та годишнина од Илинден! Ова е пораката на САД амбасадата во Македонија по повод националниот празник Илинден.

И руската амбасада во Македонија на својата фејсбук страница го честита „празникот со големо историско значење за македонскиот народ - Илинден! Денеска заедно со вас со положување цвеќе на Мечкин Камен, во Пелинце и во Скопје ќе им оддадеме почит на славните македонски борци за слобода и независност! Честит Илинден! За многу години“, се вели во честитката на амбасадата на Руската Федерација во Македонија.

 

 

Tреба да ја прифатиме технологијата, наместо да се плашиме од неа, а и игрите се дел од тој процес. 

повеќе

Moжно ли е стотици кандидати за градоначалници три недели да ветуваат, а никој да не каже од каде средства за таа намена т.е. никој да не го спомене зборот децентрализација кој претставува клуч за било какво ветување?

повеќе

Капиталното дело на Танас Вражиновски „Македонска народна митологија“, упатува на потребата нашата наука постојано да се враќа на извориштата на македонската култура и писменост, создавани од светите браќа Кирил и Методиј и од нивните ученици и следбеници, светите Климент и Наум Охридски. 

повеќе