Американска амбасада: Македонија и Бугарија да го решат билатералниот спор

Oд Амбасадата на САД во Скопје за МИА денеска изјавија дека Македонија и Албанија ги задоволија условите за почеток на преговорите, двете земји работат напорно за имплементација на потребните реформи и затоа заслужуваат да одржат меѓувладини конференции со ЕУ што поскоро.

Изјавата беше дадена на прашање од МИА, како САД реагираат на постапката на бугарската влада со отворање во Битола на културен центар со назив „Ванчо Михајлов", контраверзна личност во земјава пред сѐ затоа што соработувал со нацистичка Германија од времето на Втората светска војна.

Во врска со ова САД повикаа на брзо решавање на билатералниот спор меѓу двете земји.

„Продолжуваме со повикот до Бугарија и Северна Македонија да го решат овој билатерален спор,“ се вели во одговорот од Амбасадата.

На прашањето што прави официјален Вашингтон за да се убеди Софија да ја подигне блокадата за интеграција на земјава во ЕУ, од Амбасадата рекоа дека Македонија и Албанија ги задоволуваат условите за почеток на преговорите. И од Стејт департментот вчера укажаа дека САД даваат силна поддршка за влез на С. Македонија во ЕУ. 

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе

Иако е важно да бараме решенија за нашата заедничка историја и да се обидеме да ги разликуваме фактите од пропагандата, зарем не е исто така важно да научиме да живееме заедно и покрај нашите различни и силно политизирани гледишта?

повеќе

Нашето општество е социјално неправедно, а социјалната неправда е, и ќе биде погубна.

повеќе