По укинувањето на концесијата

Американска адвокатска канцеларија ќе ја застапува Владата во спорот со „Сардич“ за рудникот Казандол

Адвокатската канцеларија „Вајт енд кејс" (White&Case) од САД ќе ја застапува македонската влада во спорот со украинската компанија „Сардич" која со владина одлука ја изгуби концесијата за рудникот Казандол во Валандово. „Сардич" побарува отштета од 350 милиони евра.

Во одговорот на прашањето на МКД.мк од Канцеларија на портпаролот на Владата на Република Северна Македонија велат дека на владината седница на 14 мај избрана била адвокатската куќа која ќе ја претставува државата во арбитражна постапка пред Меѓународниот центар за инвестициски спорови во Вашингтон, САД. Тужбата ја покренаа инвеститорите во одземената концесија за експлоатација на минерална суровина бакар, злато и сребро на локацијата Казандол во општина Валандово (Артем Скубенко, Валентин Дрожденко, Анатолиј Семинога, Игор Переверзев, Артем Кадомски, Игор Компанец, Серги Надиеждин и Володемир Скубенко).

„Како правен застапник на земјата е избрана реномираната адвокатска канцеларија „Вајт енд кејс“ од САД, која има големо искуство и успех во вакви случаи и која според „Глобал арбитрејшн ривју“ (Global Arbitration Review 2019), најкредибилната асоцијација во светот за оценување и рангирање на меѓународите адвокатски куќи за нивниот успех во арбитражни постапки, е рангирана на првото место во светот. Оваа адвокатска канцеларија е избрана по извршено прибирање на понуди до реномирани адвокатски друштва и извршена евалуација на нивните понуди.

Понуди биле доставени и од адвокатските канцеларии „Маер Браун“ (Маyer Brown) од Франција, „Орик“ (Оrrick)  и „Мекдермот Вил енд Емри“ (McDermot Will&Emery) од СР Германија и „Дешерт“ (Dechert) од Франција.

Во координативното тело на Владата за следење на арбитражни постапки членуваат вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, министерот за финансии Драган Тевдовски, министерот за економија Крешник Бектеши, како и државниот правобранител Фахми Стафа.

Во овој случај Владата бодирањето на пристигнатите понуди го извршила според критериумот 70 отсто за квалитетот на компанијата, а 30 отсто за цената за понудената услуга. Од Владата не ја кажаа цената за оваа услуга.

„Избраната адвокатска канцеларија „White&Case“ од САД, со вкупно 84,18 бода е оценета како најсоодветна да ја застапува Република Северна Македонија во овој случај, имајќи го предвид нивното позитивно искуство во решавање на арбитражни постапки, светското рангирање и финансиската понуда.

Како носечки критериум при донесување на својата одлука Владата го зеде предвид критериумот квалитет. Овој критериум во арбитражните постапки е клучен затоа што истиот обезбедува квалитетна и суштествена заштита. Во вакви случаи најдобрата куќа е гаранција за квалитет и квалитетна одбрана“, соопштуваат од Владата.

„Сардич“ уште лани во март предупреди дека едностраното раскинување на Договорот за концесија за експлоатација значи безусловен банкрот на концесионерот, неговите деловни партнери кои се долгорочно ангажирани во проектот Рударски комплекс Казандол, како и оставање без егзистенција на преку 200 семејства кои директно егзистираат од работењето на концесионерот.

Тогаш украинската компанија информираше дека со еднострано раскинување на договорот, огромна финансиска штета проценета на 20 милиони евра ќе претрпат македонските банки, градежните, индустриските и трговските компании од земјава и странство затоа што нема да можат да ги наплатат паричните средства за испорачаната опрема, извршената работа и извршеното финансирање, додека пак украинските инвеститори ќе претрпат огромна материјална штета проценета на преку 380 милиони евра. Ќе бидеме принудени да почнеме меѓународна судска постапка/арбитража за заштита на нашите права, соопшти тогаш „Сардич“.

Со едностраниот раскин се прекршува и одредбата од член 7 од Договорот помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на Украина за поттикнување и заемна заштита на инвестициите кое доведува и до нарушување на билатералните односи на двете држави.

Концесионерот Сардич МЦ ДООЕЛ увоз-извоз Скопје, со целосно почитување и спроведување на сите законски и договорни обврски експресно го реализираше проектот Рударски комплекс Казандол – прв современ рударски комплекс изграден на Балканот по 40 години и во текот на 2018 година планираше производство на финален производ – македонски катоден бакар со чистота 99.99%.

За Сардич едностраното раскинување на договорот е досега невиден преседан, огромно понижување за стручноста на владините експерти и правниот систем во државата, како и катастрофална порака за постоечките и потенцијалните домашни и странски инвеститори.

Арбитражната постапка ќе се води пред Меѓународниот центар за инвестициски спорови во Вашингтон, САД.

А.Д.

Најголемиот предизвик на секоја земја е развојот и одржувањето на здрава популација.

повеќе

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе

Ништо не ме научи повеќе за моите родители, а и за мене, од храната што тие ја обожаваа откако избегаа од Босна.

повеќе