Според американскиот амбасадор во Атина

Америка работи заедно со Грција, Македонија што поскоро да влезе во ЕУ

Американскиот амбасадор во Атина, Џофри Пјат, рече дека САД и Грција заедно работат на тоа „Северна Македонија веќе годинава да ги почне преговорите за членство во ЕУ“.

На настан одржан од Атлантскиот совет во Вашингтон Пјат рече дека Америка останува силно посветена на сојузот со Грција.

Тој не прокоментира дали грчката опозициска партија Неа демократиа и нејзиниот лидер, Киријакос Мицотакис, ако победат на предвремените парламентарни избори во Грција, ќе се согласат за одредбите на Договорот од Преспа, но рече дека се надева дека развојот на односите на Грција со другите земји во регионот на Западен Балкан, како и американско-грчките односи, ќе напредуваат.

Тој додаде дека улогата на грчката влада и грчките бизниси се столб на стабилноста во односите меѓу земјите од Западен Балкан и дека тоа е од суштинско значење.

Пјат ги истакна заедничките интереси на САД и Грција во поширокиот регион, каде што во иднина ќе има многу предизвици, како што е улогата што Кина во Европа и улогата на Русија, која, како што рече, е економски ослабена, но има амбиции да предизвика штета.

Тој исто така истакна дека е од големо значење и за Грција и за САД, Турција да остане дел од западните институции, без оглед на провокативните потези на Анкара.

Најголемиот предизвик на секоја земја е развојот и одржувањето на здрава популација.

повеќе

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе

Ништо не ме научи повеќе за моите родители, а и за мене, од храната што тие ја обожаваа откако избегаа од Босна.

повеќе