Амбасадорот Гир со осуда на насилствата: За такви сцени нема место во демократско општество

Евроамбасадорот Дејвид Гир утрово со објава на социјалните мрежи го осуди насилството што ескалираше на протестите против францускиот предлог пред Собранието и порача дека за такви сцени нема место во едно демократско општество.

„Ги осудувам синоќешните сцени на насилство против полицијата во Скопје, која ги извршуваше своите задачи. За такви сцени нема место во едно демократско општество. Повикувам на воздржаност, почит и одговорност“, напиша Гир.

На синоќешните протести кои почнаа пред Влада, па преку Министерството за надворешни работи завршија пред Собранието повредени беа 47 полицајци, од кои 11 потешко, а двајца се хоспитализирани на Клиниката за неврохирургија со сериозни повреди. Приведени беа 11 демонстранти.

Безбедноста, енергијата и миграцијата се три приоритети со најголема важност за британските граѓани, така што тие се на и на самиот врв на мојата агенда. Затоа патувам за Прага на средбата со европските лидери.

повеќе

Камбаните бијат поради нашата некадарна дипломатија, која е професионално  одговорна за дебаклот со Договорот со Бугарија, а пред тоа за Преспанскиот договор.

повеќе

На 6 октомври 1946 година почна носењето на моштите на Гоце Делчев од Софија во Скопје, столицата на слободна Македонија.

повеќе