Амбасадата на САД ја поздрави пресудата за Владимир Панчевски

Aмбасадата на САД во Северна Македонија ја поздрави денеска пресудата за поранешниот претседател на Кривичниот суд Скопје, Владимир Панчевски.

„Пресудата од страна на Велешкиот суд, со која поранешниот претседател на Кривичниот суд Скопје Владимир Панчевски е осуден на 3,5 години затвор за злоупотреба на АКМИС системот, е позитивен чекор во барање одговорност за оние кои се обвинети за поткопување на независноста на судството“, објави на Твитер Амбасадата на САД.

Поранешниот претседател на Кривичниот суд Скопје, Владимир Панечвски, обвинет за злоупотреба на системот АКМИС, синоќа од страна на Велешкиот суд беше прогласен за виновен и осуден на три години и шест месеци затвор. Судијката Валентина Георгиевска, пресудата ја донесе синоќа по завршување на рочиштето што траше повеќе од десет часа.

Самиот Никос Коѕијас не го почитува договорот што го потпиша со Заев и Димитров. Ќе реагира ли македонското МНР на терминологијата во неговата колумна, како што вети дека секогаш ќе реагира кога се крши Договорот од Преспа? Треба. Ама не е за верување.

повеќе

За првпат 16 врвни бизнисмени од земјите на Западен Балкан, врз основа на мерливи критериуми, ќе го следат напредокот на економските реформи во регионот и ќе го известуваат Брисел.

повеќе

Хрватска и Северна Македонија имаат јаки културни и историски врски и традиционално добри односи. Заради тоа, но и заради хрватското искуство со пристапните преговори, Хрватска треба да биде најдобриот пријател и бранител на нејзиниот европски пат, особено откако Северна Македонија е изложена на токсичен национализам и на неправда, нешто за што во Европската унија не смее да има место, пишува во колумна за Аутограф хрватскиот пратеник Бојан Главашевиќ анализирајќи ги бугарските условувања, но и предупредува дека Хрватска засега молчи..

повеќе