Амбасадата на САД ги охрабрува граѓаните в недела да излезат и да гласаат на локалните избори

Претстојните локални избори на 15 октомври се важни за иднината на Македонија како просперитетна, стабилна демократија, целосно интегрирана во евроатлантските институции, соопшти денеска Амбасадата на САД во Македонија преку социјалните мрежи и ги повика граѓаните да излезат и да гласаат.

„Ги охрабруваме сите граѓани да го искористат своето право на глас, да ги изразат своите погледи за прашањата од нивната општина и да ја реафирмираат својата посветеност кон демократските вредности и владеењето на правото. Ги охрабруваме сите граѓани, граѓанското општество и медиумите да ги пријавуваат своите забелешки за изборните неправилности на надлежните власти. Владата и локалните власти треба целосно да ги истражат сите обвинувања за злоупотреба и да преземат соодветни мерки.

На крајот, партиите, владините институции, новинарите и граѓаните ќе ја одредат веродостојноста на процесот преку своите чекори“, пишува во изјавата.

Од Амбасадата додаваат дека изборите се круцијален дел од секоја демократија и дека ги поддржуваат напорите за охрабрување на граѓаните да гласаат.

„Американската амбасада активно учествува во набљудувањето, заедно со меѓународните и со локалните набљудувачи“, велат од амбасадата.

И ако граѓаните или Владата очекуваа дека Јункер на Заев ќе му даде покана со датум за влез на Македонија во ЕУ, тогаш живееме во илузии.

повеќе

Опкружени со балкански хипернационалности, Македонците мора да се борат со тезите дека се „измислен народ“. Всушност, сите идентитети, меѓу кои и грчкиот, се изградени наративи со темели во историјата и во митот. На Македонците им треба име што го потврдува нивниот вистински идентитет независен од Бугарите, Србите или Словените воопшто.

повеќе

Некои политички партии вртат големи суми пари од нивното јавно и приватно финансирање.

повеќе