Реакција

Амбасадата на Русија му одговори на Заев: Русофобијата станува алатка на Владата на Македонија

Изјавата на Зоран Заев ја сметаме за политички неодговорна, се вели во реакцццијата на Твитер на Амбасадата на Русија во Македонија по денешната изјава на македонскиот премиер дека Русија плаќала за насилни протести во Македонија.

„Изјавата на Заев ја става под знак прашање искреноста на заложбите на Владата на Македонија за градење добри односи со Русија. Со жалење констатираме дека русофобијата сѐ повеќе станува алатка во надворешната, а и во внатрешната политика“, се вели во реакцијата на руската амбасада во Македонија.

 

За жал многумина, а особено оние што треба, не може да ја видат историската димензија на оваа посета на еден папа на нашата земја.

повеќе

Кога знаеме како функционира кризата на претставеност, можеме да спречиме повторување на историјата, кое можеби овој пат би имало и многу полоши последици по демократското општество.

повеќе

Деновиве Владата донесе одлука за формирање на ново министерство. А и така, по глава на жител, верувам, рекордери сме по министерства и министри. Оттука, размислував зошто да не предложам да се формира уште едно – за „спречување автоголови".

повеќе