Амбасада на САД во Софија: Не сме покренале прашање за македонско малцинство во Бугарија

САД ги поддржуваат напорите на владите на Бугарија и Северна Македонија да соработуваат, заедно со ЕУ за решавање на билатералните проблеми, соопштила американската амбасада во Софија откако дел од бугарските медиуми објавија дека високиот амрикански функционер Габиел Ескобар за Гласот на Америка на македонски кажал дека амбасадата на САД во Софија и бугарската влада работат на прашањето за македонското малцинство во Бугарија.

Како што објави БНТ, американската амбасада им одговорила дека има погрешни интерпретации на интервјуто во однос на политиката на САД во регионот.

„Амбасадата на САД не ги покренала споменатите малцински прашања пред бугарската Влада. Нашите дискусии со бугарската Влада се фокусирани на нашата заедничка визија за посилна, попросперитетна и обединета Европа преку интеграција на сите нејзини делови, вклучително и Западниот Балкан“, пишува во одговорот од амриканската амбасада на прашањето на БНТ.

Од бугарската телевизија додаваат дека го имаат целото интервју и во него се гледа дека зборовите „македонско малцинство“ се содржани во прашањето на новинарката, а не во одговорот на Ескобар.

На прашањето што е направено досега и дали има некаков напредок во однос на прашањето за прекршување на човековите права на македонското малцинство во Бугарија, Ескобар во однос на разговори со бугарската Влада ја упатува новинарката на амбасадата во Софија.

 

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе