Амбасадата на САД во Македонија препорачува забрана за употреба на опремата на кинескиот гигант „Хуавеи“

„Лидерите успеаја да постигнат договор и за безбедна комуникација, вклучувајќи ги и 5Г мобилните телефонски мрежи. Соединетите Држави сакаат сојузниците да ја забранат опремата на најголемиот светски производител на телекомуникациска опрема, кинескиот гигант 'Хуавеи'", пишува на фејсбук страницата на Амбасадата на САД во Скопје.

Американскиот претседател Доналд Трамп на Самитот на НАТО во Лондон изјави дека употребата на таа опрема е безбедносен ризик. „Тоа е опасност за безбедноста“, рече Трамп одговарајќи на прашање за „Хуавеи“, иако компанијата не се споменува директно во декларацијата.

Во Лондон НАТО го проблематизира уделот на „Хуавеи“ и во македонската 5Г мрежа. Иако не е услов за членството на Македонија во НАТО, се отворија прашања околу безбедноста и кинеското влијание во развојот на 5Г мрежата и дигиталната инфраструктура во земјата, потврдуваат од Владата.

Мнозински сопственик на Македонски телеком е унгарската Матав, дел од Дојче телеком, кој соработува со „Хуавеи“ во развојот на новата технологија. Оттука Владата, иако е делумно сопственик на македонските телекомуникации има ограничено влијание врз одлуките поврзани за 5Г, велат од Владата.

Меѓутоа, со оглед на жестоките расправии во ЕУ и во НАТО за ризиците што ги носи кинеското влијание преку „Хуавеи“, но и со оглед на загриженоста во нашата влада, велат дека прашањето се разгледува од блиску и оти ќе има реакција.

„Ние не сме доминантен сопственик, но сепак имаме удел во нашиот Телеком, и сме регулатор, ќе се трудиме во стратегиите што ги носи Владата за 5Г како услови да бидат вградени овие безбедносни услови за НАТО“, наведоа високи владини извори во Лондон на брифинг со новинарите.

 

Интернационалистички, универзалистички и солидарен пристап е единствениот начин да се надмине еколошката и климатска криза, во регионот и пошироко.

повеќе

Мора да се пристапи кон воведување нови мерки за поголема контрола на лицата кои поседуваат нелегални пари.

повеќе

Визија на развиениот свет е државните авторитети да го гледаат спортот како средство за подобар економски и социјален развој.

повеќе