Алтернатива со честитка за Пендаровски: Загарантиран е евроатлантскиот пат

Политичката партија Алтернатива му ја честита победата на Стево Пендаровски, а изборите ги оцени како коректни, со што, како што велат оттаму, е загарантиран евроатлантскиот пат.

„Како во првиот, така и во вториот круг, изборите беа коректни, праведни и не се забележани инциденти, кои можеа да наштетат на кредибилноста на изборниот процес. На овој начин државата го положи испитот на демократската зрелост, а овој процес беше еден вид потврда дека оваа влада има капацитети да организира праведни и уредни избори”, пишува во соопштението на Алтернатива.

Од партијата додаваат дека овие избори потврдиле дека мнозинството граѓани се за западните вредности и за евро-атлантската интеграција на земјата. За победата на Пендаровски велат дека е најдобар показател дека Албанците во Северна Македонија се елементот кој ја одредува стратешката иднина на земјата.

Алчноста за максимизирање на површината на градење ја помина „црвената линија“. Градот полека ја сече гранката на која седи.

повеќе

Пристигна барањето од етничкиот албански фактор во политиката за тоа да има промена во химната, знамето и грбот на државата.

повеќе

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе