Во Тетово

Алтернатива одлучува дали ќе биде дел од Владата

За одлуката дали партијата на Африм Гаши, Алтернатива ќе биде дел од Владата почна да се дискутира вечерва од 18 часот на седница на Централниот совет, највисокото партиско тело. Седницата се одржува во седиштето на партијата во Тетово.

„Да видиме како ќе тече состанокот. Ќе видиме за ресорите, денеска ќе разговараме, комплетно за програмските определби и за кадровските решенија“, рече Африм Гаши кога пристигна на седницата во Тетово.

На состанокот на Централниот совет на Алтернатива му претходеа три средби на Гаши со премиерот и претседател на СДСМ во оставка Зоран Заев на кои се дискутираше за учество на Алтернатива во Владата и поддршка на парламентарното мнозинство од нивните четворица пратеници.

По последната средба што се одржа во средата, од Владата соопштија дека се очекува до крајот на оваа недела да се остварат потребните консултации во СДСМ и Алтернатива и да се обезбеди потребното усогласување со цел постигнување договор за можна заедничка влада.

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе