Алтернатива" денеска во Филхармонија во Скопје го организира првиот партиски конгрес на кој ќе се избира претседател партијата и ќе се гласаат партиските документи. Конгресот ќе биде организиран во две фази.
Во првата фаза околу 500 делегати прво ќе треба да ги номинираат своите кандидати, а потоа ќе биде спроведено гласањето. Од Алтернатива не се отркива кои ќе бидат можните кандидати за функцијата.
Свои обраќања пред делегатите ќе имаат претседателот Африм Гаши и генералниот секретар Беким Сали, а ќе говорат и претседателите на форумите на младината и на жените.
Очекувањата се дека Африм Гаши ќе биде реизбран за челната функција.
Алтернатива кон крајот на минатата година од опозиција премина во власта, условувајќи го својот влез со кој беше обезбедено владејачкото мнозинство во парламентот, меѓу другото, и со согласност на владините партнери да се побара експертиза на неколку судски пресуди за предмети за кои партијата се сомнева дека биле политички мотивирани, со што би се отворила можност за нивно повторно судење.