Алтернатива, Алијанса и Беса имаат историска шанса да го стават ДУИ во опозиција, смета Апасиев

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, смета дека пратениците на Алијанса, Алтернатива и Беса имаат, како што вели, историска шанса да ја стават ДУИ во опозиција.

„Ако пратениците на Алијанса, Алтернатива и Беса не ја искористат историската шанса во четврток да го стават ДУИ во опозиција, тогаш на наредни избори (кога и да бидат) ќе бидат прегазени токму од ДУИ како шлепер жаба и никогаш нема да се повратат“, напиша Апасиев на Фејсбук.

Тој додава дека ДУИ, од позиција на власт, ќе освои 18 пратеника, а тие, максимум девет.

Објавата на Апасиев следува откако пратеникот на Алтернатива Скендер Реџепи денеска изјави дека нема да биде дел од списокот за уривање на владата ниту ќе го поддржи гласањето в четврток доколку на списокот останат и пратениците на Левица.

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе