„Бараме Реџепи да постапи правилно и да го врати мандатот за што Алтернатива ќе му биде благодарна и ќе му изрази благодарност и за досегашната работа во партијата и во Собранието“, велат од партијата.
Алтернатива истакнува дека одлуката на Реџепи нема да влијае на работата на пратеничката групат, ниту на парламентарното мнозинство, ниту пак во однос на учеството на Алтернатива во извршната власт.
„Но индикативно е неговото повлекување во моментот кога македонската опозиција организира протести против парламентарното мнозинство, на за ова прашање треба тој сам да даде одговор", додаваат од партијата.