Алтеранатива вечерва ќе донесе конечна одлука дали ќе биде дел од владината коалиција СДСМ-ДУИ

Централниот совет на Алтернатива вечерва во Тетово треба да донесе конечна одлука дали ќе биде дел од Владата.

„Седница на Централниот совет на Алтернатива имаме во 19 часот во партиското седиштте во Тетово. До овој момент ништо не можам да кажам. По завршувањето на седницата ќе имаме конфренција за медиумите“, изјави партискиот портпарол Орхан Муртезани.

Лидерот на партијата Африм Гаши досега имаше три средби со претседателот на СДСМ Зоран Заев на кои се дискутираше за учество на Алтернатива во Владата и поддршка на нивните четворица пратеници.

Некои медиуми јавија дека до понеделник е можна уште една средба меѓу Гаши и Заев.

По средбата во средата, Гаши изјави дека може да се каже дека има напрадок и дека следуваат консултации во партиите.

И од кабинетот на Заев по последната средба соопштија дека на средбата е констатиран евидентен напредок во усогласувањето на ставовите околу дополнувањето на содржинскиот дел на програмата на Владата, а разменети се идеи и видувања од двете страни за споделување на одговорностите на највисоко ниво во институциите на централната власт, и дека се очекува до крајот на оваа недела да се остварат потребните консултации низ партиите и да се обезбеди потребното усогласување со цел постигнување договор за можна заедничка Влада, која ќе се посвети на предизвиците кои доаѓаат од пандемијата и глобалната енергетска криза и која без задршка ќе ги остварува зацртаните стратешки цели на Република Северна Македонија.

Колку и да сакаме Украинците да добијат целосна правда, на ерата на славни војни, несомнени победи и чисти порази ѝ дојде крајот. 

повеќе

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе